понеделник, јуни 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Советот на Општина Центар одлучува за ДУП-от кај поранешна „Нова Македонија“

by Redakcija
19.02.2026
in Скопје
Советот на Општина Центар одлучува за ДУП-от кај поранешна „Нова Македонија“

Денешната седница на Советот на Општина Центар се очекува да биде една од повпечатливите во последниот период, со оглед на тоа што на дневен ред се наоѓа Деталниот урбанистички план за просторот кај поранешната печатница „Нова Македонија“ – локација што со години важи за една од најатрактивните во срцето на градот.

Во фокусот на јавноста е можноста на ова место да никне висококатница, предвидена со план донесен уште во 2012 година. Според достапните анализи, станува збор за објект со вкупна површина од околу 105.000 квадратни метри, проектиран на парцела од приближно 5.200 квадратни метри. Таквата деловна намена, според важечките урбанистички стандарди, повлекува обврска за обезбедување околу 1.750 паркинг-места – бројка што практично подразбира изградба на повеќекатна подземна гаража.

Планот во изминатиот период отвори сериозна јавна дебата. Дел од политичките партии, но и граѓански иницијативи, предупредуваат на можни последици врз сообраќајниот метеж, инфраструктурниот капацитет и квалитетот на живот во централното градско подрачје.

Меѓу најгласните критичари е граѓанската активистка Жанета Трајкоска, која преку социјалните мрежи апелираше до советниците и до градоначалникот Горан Герасимовски одлуката да ја донесат со целосна свесност за, како што истакна, долгорочните урбани импликации. Според неа, станува збор за прашање што ќе го обликува изгледот и функционалноста на овој дел од градот во наредните децении.

Related Posts

Утре ограничено движење на возила низ централно Скопје

19.06.2026

Скопје Прајд 2026 утре под слоганот „Сите нека знаат“

19.06.2026

Меџити: Талентот на младите од Чаир е гаранција за спортската иднина

18.06.2026

Меџити: Изградбата на кампусот „Мајка Тереза“ напредува со добро темпо

18.06.2026

Телма: Падна фасада од зграда во Карпош, оштетени три возила

17.06.2026

Три скопски населби утре без струја, прекините ќе траат и до седум часа

15.06.2026

Препорачани Вести

Апсења во Скопје на различни локации – Полицијата со детали

4 месеци ago

Проданоски: Младите во Прилеп покажаа хуманост и подготвеност за помош

1 месец ago

Популарни Вести

  • Апсење во Скопје и струмичко – Уапсени 7 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР со важна информација за експресниот пат Штип – Радовиш

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Давид Грујевски се пласира во финалето на Хајп Ѕвезди, блесна во полуфиналето со безвременски хит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ова се новите цени на бензините и дизелот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.