среда, септември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Оваа грешка ја прават сите возачи – казната е до 45 евра

by Redakcija
20.02.2026
in Македонија

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предупреди дека возачите повеќе нема да можат да се правдаат дека влегле на зелено светло ако со тоа ја блокираат раскрсницата. Според новите правила, секој возач мора сам да процени дали има доволно простор за да ја помине крстосницата без да го отежни или запре сообраќајот.

„Ако возачот влезе во крстосница на зелено, но остане заглавен поради метеж, тоа ќе се смета за прекршок – не како минување на црвено светло, туку како забавување на сообраќајот во крстосница, со казна од околу 45 евра“, објасни Тошковски во гостување на ТВ21.

Тој појасни дека во тест-периодот камерите некогаш ги евидентирале возачите како да поминале на црвено, иако тие влегле на зелено, но останале блокирани во средината на раскрсницата. Со новите правила, ваквите ситуации ќе се третираат како „угушување“ на крстосницата, а не како прекршок за минување на црвено.

Клучната обврска останува на возачот – пред да тргне на зелено светло, мора да процени дали пред него има доволно простор за непречено поминување. Ако не постои простор, должен е да застане и да почека наместо да го блокира сообраќајот.

Покрај новите правила, министерот најави и воведување на паметен „зелен бран“ во Скопје. Станува збор за систем за координација на семафорите на булеварите со цел да се зголеми проточноста на возилата, при што се очекува движењето да се забрза за околу 30 проценти.

Системот ќе опфати сите главни булевари во градот, а надлежните нагласуваат дека анализите покажуваат дека традиционалните тајмери на семафорите често создаваат повеќе проблеми отколку корист.

Со новите мерки и технолошки решенија, вниманието е насочено на личната одговорност на возачите и на обезбедување непречен проток на сообраќајот, со цел да се спречат застои предизвикани од погрешна проценка при зелено светло.

Related Posts

Николоски: Македонија е централна транзитна држава на европскиот транспорт

16.09.2026

80 години Жито Лукс – традиција што се развива со генерации

16.09.2026

Министерката Божиновска му помогна на Македон да стигне до Johns Hopkins CTY: „Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

16.09.2026

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции

16.09.2026

Ви фалат до 2 години стаж? Владата подготвува можност да ги докупите

15.09.2026

Следуваат два продолжени викенди во Македонија

15.09.2026

Препорачани Вести

Ова се првите симптоми на западнонилската треска – кога треба да се побара лекарска помош

1 месец ago

Познато која фирма за брзи кредити ја загуби лиценцата: Се затвораат 40 филијали, 120 вработени го добиле ова известување

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,19 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прва прогноза за зимата: Што ја очекува Европа, а што Балканот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Македонија е централна транзитна држава на европскиот транспорт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола е горда со младиот спасител Михаил Николовски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Австриските компании се добредојдени во новиот инвестициски циклус во македонската енергетика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.