среда, јули 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ДЕНЕС Е ПРОЧКА – ПРАЗНИК НА ПРОШКАТА, ПОКАЈАНИЕТО И НОВИОТ ПОЧЕТОК

by Уредник
22.02.2026
in Македонија

Денес православните христијани го одбележуваат празникот Прочка – Велики поклади, ден посветен на меѓусебното простување и духовното очистување пред почетокот на Велигденските пости. Овој празник секогаш се паѓа во недела и е точно седум недели пред Велигден.


Суштината на Прочка е едноставна, но длабока – да побараме прошка од ближните и да им простиме од срце. Според христијанското учење, проштевањето е израз на љубовта и првиот чекор кон духовно обновување и чиста душа пред постот.


Во македонската традиција, помладите бараат прошка од постарите со зборовите „Прости ми“, на што се одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“. Семејствата се собираат на заедничка трпеза, а вечерта завршува со познатото амкање јајца – обичај што носи радост кај децата и симболично го означува преминот од мрсна кон посна храна.


Покрај христијанските обичаи, со Прочка се поврзани и народни традиции – маскирање, огнови и карневали, кои претставуваат остатоци од старите пролетни обреди и симболично го означуваат крајот на зимата и доаѓањето на пролетта.


Денот по Прочка се нарекува Чист понеделник, кога започнуваат долгите велигденски пости – период на воздржување, молитва и духовно прочистување.


Прочка не е само празник, туку потсетник дека најголемата сила е во проштевањето – кон ближниот, но и кон себе.

Related Posts

Нова измама во Македонија: Лажни СМС пораки за сообраќајни казни

28.07.2026

ВЛЕН: ДУИ ја жртвува правичната застапеност за политички поени

28.07.2026

Мицкоски: Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи носат резултати

28.07.2026

Нови оперативни сали на Клиниката за урологија – современи услови за поквалитетни и побезбедни хируршки интервенции

28.07.2026

Ќерката Сашенка по смртта на Гоце Тодоровски: „Кога замина Ванчо, замина и дел од тебе – сега сте тандем и на оној свет“

27.07.2026

Анкета на „Стратум Р&Д“: ВЛЕН пред ДУИ кај албанскиот електорат

27.07.2026

Препорачани Вести

Божиновска: Жените инженери се клучна сила во енергетската транзиција и развојот на државата

1 месец ago

Еве за што сè ќе одговара насилникот Стојанче

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Земјотрес пред околу 20 минути во Грција – луѓето излегоа на улиците!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар кај Велес: „Ер трактори“ интервенираат, чадот се движи кон автопатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во метрото во Барселона: Десетици патници повредени откако чад го наполни тунелот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Русија претстави ново оружје за борба против дронови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонец (19) уапсен во Црна Гора поради обид за убиство на припадник на Шкаљарскиот клан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.