недела, октомври 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Завршница на топлинската мрежа во Битола – во тек последните интервенции на „Партизанска“

by Redakcija
23.02.2026
in Република

Проектот за воведување на топлински систем во Битола влегува во завршна фаза, а деновиве интензивно се работи на улицата „Партизанска“, како дел од финалните активности за докомплетирање на мрежата.

Иако честите затворања на улици во изминатиот период предизвикаа реакции кај граѓаните, од надлежните уверуваат дека станува збор за неопходни интервенции за обезбедување на долгорочна стабилност и сигурност на системот.

Од Топлификација за ТВ Тера информираат дека моментално се вршат последните проверки и зајакнувања на мрежата, со цел да се гарантира нејзината трајност. Во тек е финализирање на претпоследното појачување на паралелен приклучок на улицата „Партизанска“, во делот под ШИК „Лавци“. За активностите е обезбедено соодветно сообраќајно решение, а се очекува до среда овој дел целосно да биде саниран.

Во наредната фаза ќе следи асфалтирање, со што ќе се заокружи процесот на зајакнување на оваа делница. Останува уште едно појачување на паралелен извод, по што целокупната доработка на проектот ќе биде завршена.

Од Топлификација објаснуваат дека дополнителните интервенции на веќе поставениот цевковод се резултат на детални технички анализи направени по завршувањето на основната изведба. Во соработка со консултанти од Виена, параметрите на системот биле внесени во специјализиран софтвер за долгорочни симулации, кои покажале можни слаби точки на одредени приклучоци во период од околу 25 години.

„Овие сознанија произлегоа по инсталацијата и деталната анализа, па затоа беше донесена одлука навремено да се извршат зајакнувања, со цел да се избегнат идни дефекти и да се обезбеди сигурност на системот за идните генерации“, велат од Топлификација.

Оттаму додаваат дека заедно со ЕСМ остануваат посветени на квалитетна и одржлива реализација на проектот, со минимизирање на непријатностите за граѓаните и редовно информирање на јавноста.

Извор: Тера.мк

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Коњановски: 11 Октомври е симбол на отпорот и борбата за слобода на македонскиот народ

11.10.2026
Од утре започнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од утре започнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

11.10.2026

Тоневски: Се оспособува патот до Јамиште во Пробиштип, следува расчистување кон Шталковица

10.10.2026

Проданоски: Вечерва заедно да одбележиме 85 години од 11 Октомври

10.10.2026

Проданоски: Учениците од „Ѓорче Петров“ ми подарија знаме изработено со љубов кон татковината

09.10.2026

МВР: „Безбеден град“ од понеделник почнува со работа и во Охрид

09.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

АИ дата-центрите создаваат локални „топлински острови“ со температури до 9 степени

АИ дата-центрите создаваат локални „топлински острови“ со температури до 9 степени

6 месеци ago

По освојувањето на пазарите во САД и Панама, македонскиот „дигитален трговец“ се враќа дома

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Жестока дебата помеѓу Илија Димовски и Андреј Ковачев на ФБ: Димовски побара признавање на Македонците во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: 11 Октомври е симбол на отпорот и борбата за слобода на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Поврзувањето со Грција и Србија отвора можност Македонија да стане транзитна земја за гас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „и Здравје и Работа“: Минералниот потенцијал на Македонија не смее да биде заложник на политичките интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Трагедија во Англија: Маж загина по напад од тигар откако влегол во неговото живеалиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.