недела, октомври 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцелариа во административната единица Острени областа Голо Брдо

by Redakcija
25.02.2026
in Балкан

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцелариа во административната единица Острени, областа Голо Брдо.

Преместувањето на матичната служба од административната единица Острени во општина Булќиза ги принудува жителите на областа Голо Брдо да патуваат до градот Булќиза за секоја минимална потреба.

За илјадници жители на оддалечените села во областа Голо Брдо, патувањето до Булќиза не е само процедура, туку физички и економски предизвик. Во тешки временски услови, ова патување станува речиси невозможно.

Добивањето извод или друга основна услуга ќе бара дополнително време и трошоци, што ќе го направи животот во овие области уште понеприфатлив.

Со отстранување на администрацијата од луѓето, државата практично го напушта областа Голо Брдо, што го отежнува постоењето на Македонското национално малцинство, поттикнувајќи го заминувањето на семејствата.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата и од општина Булќиза, во административната единица Острени, да воспостават матична служба за административните единици Острен и Требиште.

Областа Голо Брдо е планински регион со посебни географски карактеристики и лоша инфраструктура; оваа одлука е директен удар врз жителите на Голо Брдо.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана останува посветено на заштитата на правата на Македонците во Република Албанија и предупредува дека ќе ги искористи сите законски и демократски патишта за да се спречи оваа административна изолација.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Фатри Фетаху, Kоординатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Јоргос Папандреу за “Надворешна” на МРТ: “ЕУ треба да се вклучи поактивно во решавање на спорот со Бугарија”

10.10.2026

Дојави за бомби испразнија училишта во Србија, полицијата ги проверува објектите

09.10.2026

Македонци од Леринско повикани во полиција по пеењето македонски песни на Илинден

09.10.2026

Европол разби балканска наркомрежа: Речиси 50 уапсени, запленети дрога, оружје и пари

08.10.2026

Драма во Истанбул: Се урнаа три ката од седумкатна зграда, спасени осум лица

08.10.2026

Брисел со остро предупредување до Косово по измените на законот за Хаг

08.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

horoskop

Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

8 месеци ago

H&M затвора уште 170 продавници ширум светот

3 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТОНОСНИОТ НАПАД ВО РИЈАД: 12 загинати и 309 повредени, Трамп не исклучува американски воен одговор

    (ВИДЕО) НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТОНОСНИОТ НАПАД ВО РИЈАД: 12 загинати и 309 повредени, Трамп не исклучува американски воен одговор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски од Пробиштип со честитка за 11 Октомври: Вечна слава на борците за слобода!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Од Зелениково до Скопје за околу 25 минути: Патниците задоволни од градскиот воз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Трамп се пошегува со поддржувачите: „Можам да ги кажам и најголемите глупости, а вие пак ќе аплаудирате“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.