недела, август 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Симболот на Прилеп не смее да згасне – Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со реакција за состојбата со ФК Победа

by Redakcija
26.02.2026
in Република

Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше за состојбата со ФК Победа, симболот на Прилеп. Според партијата, досегашното управување со клубот од страна на лица назначени од СДСМ било ризично и нетранспарентно, а резултатите денес се видливи – финансиски хаос и кадровски распад.

„Во време кога локалната власт беше предводена од СДСМ, во 2019 година се ветуваше стабилизација и развој на Победа. Денес гледаме што остана од тие ветувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Одтаму прашуваат зошто управувањето со ФК Победа било препуштено на некомпетентни лица и кој ги гарантирал нивните постапки. Исто така, се посочува дека одредени советници кои денес се глуми загрижени, во минатото имале судски побарувања поврзани со клубот.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп нагласува дека тврдењата дека Општината не се грижи за Победа се невистинити. Според официјалните податоци, од 2018 година Општина Прилеп инвестирала во клубот:

4.400.000 денари за струја

8.800.000 денари за вода и поправки

над 12.000.000 денари преку јавни повици, покрај редовното одржување на стадионот и инфраструктурата

„Општината не ја оставила Победа. Некој друг ја доведе во оваа состојба. Доста е од манипулации и ситни политички поени на грбот на клубот. Победа е вечна и нема да згасне“, порачаа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата најавува дека има јасен план за стабилизација на клубот и враќање на врвот на македонскиот фудбал, со цел секој што направил финансиски пропусти или злоупотреби да одговара.

„Политиката е минлива, Победа е вечна. Сега е време за заедништво, поддршка и доверба“, се наведува во соопштението.

Related Posts

Отомански регистар од 1640 година открива словенско население на Ситонија – запишани Јован, Пејо, Стан, Мирчо, Милко и други имиња

Отомански регистар од 1640 година открива словенско население на Ситонија – запишани Јован, Пејо, Стан, Мирчо, Милко и други имиња

09.08.2026

Коњановски: Интензивно работиме на подобрување на инфраструктурата во Битола (ВИДЕО)

09.08.2026

Проданоски: Карпалак е симбол на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината

08.08.2026

Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

07.08.2026

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07.08.2026

Проданоски: Карпалак никогаш нема да биде заборавен

07.08.2026

Препорачани Вести

putin

Путин и нареди на Руската војска да ги запрe воените дејства за Велигден во Украина

4 месеци ago

Без струја повеќе делови од Тетово и девет тетовски села

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Отомански регистар од 1640 година открива словенско население на Ситонија – запишани Јован, Пејо, Стан, Мирчо, Милко и други имиња

    Отомански регистар од 1640 година открива словенско население на Ситонија – запишани Јован, Пејо, Стан, Мирчо, Милко и други имиња

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големо признание за г.г. Стефан по повод 40 години монашки живот – порача дека хуманизмот значи помагање на другите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО | ВИДЕО) ЕЧЕШЕ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА ВО МЕЛБУРН: Престон Лајонс по 34 години повторно го освои Докерти купот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скокнал по веслата и не излегол од водата – голема потрага по рибар во Преспанското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: ДУИ бега од прашањата за Артан Груби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.