вторник, август 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Радио Слободна Европа: Се повеќе Македонци одат по поевтини лекови во Косово и Србија – „Фармацевтски туризам“ поради високите цени

by admin
27.02.2026
in Македонија

Сè повеќе граѓани од Македонија патуваат во Косово и Србија за да купуваат поевтини лекови, покажува анализата на Радио Слободна Европа. Најчесто станува збор за терапии што лекарите ги препишуваат, но пациентите мора да ги купуваат приватно, што претставува сериозен финансиски товар.


Граничарите на преминот Блаце, како што пренесува РСЕ, често слушаат дека македонски државјани одат „до Елез Хан по лекови“, бидејќи тој град е на само неколку километри од границата и нуди значително пониски цени во аптеките.
Како пример

се наведува лекот „Ксарелто“, кој во Косово може да се купи и двојно поевтино отколку во Македонија. Институциите потврдуваат дека овој лек е меѓу приоритетите за ставање на позитивната листа во 2026 година, но конечната одлука ќе зависи од буџетските средства и одлуката на Управниот одбор на ФЗОМ.


Од Фондот за здравствено осигурување велат дека поддржуваат мерки за подобра достапност на лекови со пониски цени, додека Министерството за здравство посочува дека процесот за вклучување нови лекови на позитивната листа е во тек и се спроведува согласно пропишаните процедури.


Причината за ваквиот „фармацевтски туризам“ е високото учество на приватните плаќања во здравствениот систем. Според податоци на Светската здравствена организација, дури 40,4 проценти од вкупните здравствени трошоци во земјата се плаќаат од џеб, што е меѓу највисоките проценти во регионот и особено ги погодува посиромашните домаќинства.


Во моментов нема официјални податоци колку пари годишно се трошат надвор од државата за купување лекови, но пациентите велат дека здравјето „не може да има пазарна логика“ и дека се принудени да бараат поевтини алтернативи во соседството.


Надлежните најавуваат проширување на позитивната листа, особено со лекови за кардиоваскуларни заболувања, кои се водечка причина за смртност во Македонија, со цел да се намали финансискиот товар врз пациентите.

Целиот текст пфочитајте го на Радио слободна европа

Related Posts

Утре почнува пописот во Австралија: Македонската заедница повикува на масовно изјаснување

10.08.2026

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

10.08.2026

На боледување, а на одмор во странство – Ова се последиците

10.08.2026

Николоски: Слава им на хероите кои ги дадоа животите за Македонија

10.08.2026

26 пожари за 24 часа во Македонија

10.08.2026
Големата повелба на хуманизмот врачена на г.г. Стефан по повод 40 години од замонашувањето

Големата повелба на хуманизмот врачена на г.г. Стефан по повод 40 години од замонашувањето

09.08.2026

Препорачани Вести

Концерт на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски и оркестарот со голем концерт во Хераклеја – вечер во чест на македонската песна

1 месец ago

НАЈНОВА ВЕСТ: 18 годишникот кој вчера усмрти жена во Скопје избегал од Македонија со татко му – уапсени се две лица!

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со реконструкција и модернизација на водоводната мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе улици во Скопје утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Тетово, Теарце, Боговиње и други села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данска воведува строги мерки во училиштата – блокирање на ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Масовен напад длабоко во Русија: 13 загинати и 39 повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.