среда, ноември 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

1 Март – Денот на специјалната единица „Волци“

by Redakcija
01.03.2026
in Македонија

На 1 март се одбележува Денот на специјалната единица „Волци“, една од најелитните формации во рамките на македонската армија, која повеќе од три децении претставува симбол на храброст, професионализам и врвна подготвеност.

Единицата е формирана на 1 март 1994 година како Единица за специјални намени (6. одред), со што за првпат во Армијата на Република Македонија се создава специјализирана формација за изведување на сложени и високоризични операции. Со нејзиното формирање започнува процесот на професионализација на армијата и воведување на современи стандарди за специјални операции.

Во текот на годините, единицата поминува низ повеќе трансформации. Во 1998 година се воспоставува првата тимска формација и се врши преименување, додека во 2001 година „Волците“ стануваат дел од Единицата за борба против тероризам. Со формирањето на Командата за специјални единици, тие влегуваат во нејзиниот состав како одред, а во 2003 година се преструктуираат во баталјон за специјални намени.

Од самиот почеток, припадниците на единицата се избираат по строги критериуми, при што се бара висок степен на психофизичка подготвеност, дисциплина и издржливост. Селекцијата важи подеднакво и за старешините и за професионалните војници, со што се обезбедува врвен квалитет на кадарот.

„Волците“ зад себе имаат богато искуство од бројни обуки и вежби, како во земјата така и во странство. Меѓу позначајните активности се учествата на меѓународни воени вежби како „Јадрански орел“, „Македонски Блесок“ и „Спасител 98“, како и заедничките активности со вооружените сили на САД, Турција, Швајцарија, Албанија и Грција. Единицата развива способности преку алпинистички, падобрански, нуркачки и командо обуки, кои ја прават една од најподготвените во регионот.

Баталјонот за специјални намени активно учествува и во мировни мисии надвор од државата, со ангажман во Ирак, Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина. За својата посветеност и професионализам, припадниците се добитници на бројни пофалници, медали и признанија.

Посебно значајно признание е доделено во 2005 година, кога со указ на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, баталјонот е одликуван со Орден за воени заслуги – прв ваков орден доделен во државата, за исклучителна храброст и истакната служба.

Денес, „Волците“ остануваат препознатлив симбол на елитата во македонската армија, единица која ја гради својата репутација врз дисциплина, посветеност и непоколеблива служба кон татковината.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Македонија е поинаква од пред две години, градиме енергетска иднина со конкретни проекти и инвестиции

25.11.2026

ВЛЕН: Ахмети со години манипулираше со албанскиот јазик за да остане на власт

25.11.2026

УХМР најавува снег за викендот: Македонија ја очекуваат обилни дождови, силен ветер и заладување

25.11.2026

За македонско-американските односи и стратешкото партнерство – Средба Мицкоски-Варнс:

25.11.2026

Цигарите треба да станат „изгор“ скапи: СЗО бара драстично зголемување на цените во Македонија

24.11.2026

Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Барање од Бања Лука: Парламентот на Република Српска со иницијатива до ОН за укинување на функцијата на висок претставник во БиХ

Барање од Бања Лука: Парламентот на Република Српска со иницијатива до ОН за укинување на функцијата на висок претставник во БиХ

6 месеци ago

Речиси целосна искористеност на студентските ваучери за електронски уреди

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Македонија е поинаква од пред две години, градиме енергетска иднина со конкретни проекти и инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Ахмети со години манипулираше со албанскиот јазик за да остане на власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлодирала бомба пред куќата на директорот на позната српска компанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Добивката на Триглав порасна за 3,2 отсто при пад на бруто премијата од 5,4 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови вработувања во „Национални шуми“: Се бараат 27 работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.