четврток, мај 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Морските микроорганизми ги разградуваат остатоците од Титаник

by Simovski
02.03.2026
in Магазин
Морските микроорганизми ги разградуваат остатоците од Титаник

На длабочина од околу 3.800 метри во студениот Северен Атлантик, остатоците од легендарниот брод Титаник тивко лежат повеќе од еден век, но времето за „непотопливиот“ гигант истекува. Експертите предупредуваат дека рушевините полека се распаѓаат, а некои делови од бродот можат целосно да исчезнат во следните години.

Микроорганизмите кои го разјадуваат челикот на бродот, се главните причинители за состојбата на истиот. Тие создаваат специфични ’рѓосани структури, познати како „рустикли“, кои со текот на времето ја прават конструкцијата кршлива и ранлива. Паралелно, бродот страда од постојаното влијание на морските струи, солената вода и огромниот притисок на длабочината на океанот.

Подводните снимки откриваат дека некогаш моќните палуби и надградби се урнати, а на одредени места останала само тенка метална обвивка, како сенка од некогашниот величествен брод. Научниците предупредуваат дека во наредните дваесетина години, од Титаник можеби ќе останат само купчиња ’рѓа. Некои проценки дури укажуваат дека значителни делови од бродот може да исчезнат дури до 2030 година.

Во меѓувреме, научните и истражувачките мисии се обидуваат да го „спасат“ Титаник на друг начин, дигитално. Со напредна фототехника, експедициите создадоа стотици илјади високо резолутивни фотографии, кои се комбинираат во детални тродимензионални модели на бродот. На овој начин, дури и ако оригиналниот брод со времето се распадне, неговата виртуелна верзија ќе овозможи идните генерации да го истражуваат.

Изграден во славното бродоградилиште „Харланд и Волф“ во Белфаст, Титаник во 1912 година бил најголемиот и најмодерниот брод на светот. На своето прво патување од Саутемптон кон Њујорк, тој удрил во санта мраз на 15 април, што заврши со трагична загуба на повеќе од 1.500 животи.

Related Posts

Како правилното миење на јагоди може да ја продолжи нивната свежина?

Како правилното миење на јагоди може да ја продолжи нивната свежина?

07.05.2026

30 години „НОКАУТ“ во сабота во Арена „Јане Сандански“

07.05.2026

БИТОЛА ДЕНЕС ВО ЗНАКОТ НА ВИНОТО И МУЗИКАТА – Винскиот фестивал започнува од 18 часот на платото пред Офицерски дом

07.05.2026
Заразни болести кои се најприсутни во текот на патувањето

Заразни болести кои се најприсутни во текот на патувањето

07.05.2026

Стинг не планира да им го остави богатството на децата: „Мора сами да го најдат својот пат“

06.05.2026

Каде не треба да се поставува клима-уред: лошата локација може да донесе дефекти и поголеми трошоци

06.05.2026

Препорачани Вести

Акциска контрола на МВР во Скопје: Одземени возила, уапсени две лица, санкционирани 37 прекршоци

3 месеци ago

Американска воена стратегија: аналитичари предупредуваат на нова фаза на конфликтот со Иран

4 недели ago

Популарни Вести

  • Хрватска: Нема укинување на EES системот на границите и покрај летните гужви

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американско разузнавање: Иран задржал најголем дел од ракетниот арсенал и покрај нападите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДЕМАНТ од Клиничката болница Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Порака испратена од ученик во седмо одделение во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата со детали за починатата девојка во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.