понеделник, август 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

БОЖИНОВСКА: Државните нафтени резерви се стабилни, снабдувањето е сигурно

by Redakcija
04.03.2026
in Економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информира дека државните нафтени резерви се стабилни и гарантираат сигурност на снабдувањето со нафтени деривати во земјата.

Од Министерството соопштија дека внимателно се следи актуелната енергетска состојба и потенцијалните геополитички ризици, при што Агенцијата за задолжителни нафтени резерви – МАКОРА континуирано ги одржува резервите со цел да се обезбеди стабилност на пазарот.

Државните резерви се формираат и одржуваат согласно европската регулатива и претставуваат стратешка сигурност на системот. Тие може да се користат исклучиво со одлука на Владата, во случај на енергетска криза или сериозно нарушување на снабдувањето.

Во моментов, увозот на нафтени деривати се одвива непречено, а како дополнителен механизам за сигурност е обезбеден и продуктоводот Солун–Скопје, кој овозможува континуиран доток на сите видови деривати.

Според официјалните податоци, државните резерви изнесуваат 138.877.053 литри еуродизел, 32.098.680 литри Еуросупер БС-95, 10.772.342 литри екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) и 5.287.794 килограми мазут М-1 НС. Резервите се складирани кај ОКТА, Макпетрол, Лукоил и Супер Трејд и постојано се мониторираат од надлежните државни органи.

Божиновска потенцира дека со редовната набавка, континуираното дополнување и диверзификацијата на снабдувачите се обезбедува непречен доток на деривати, нагласувајќи дека граѓаните и стопанството нема да почувствуваат недостиг. Државата, како што посочи, е подготвена навремено да реагира и да ја зачува енергетската стабилност на земјата.

…

Related Posts

Македонската берза во благ раст: МБИ10 зголемен за 0,20 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

24.08.2026

Горивата поскапуваат, дизелот над 100 денари за литар

24.08.2026

Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

24.08.2026

Божиновска: Сонцето станува еден од главните столбови на македонската енергетика

24.08.2026

Димитриеска-Кочоска: Новиот правилник носи построга контрола и поголема заштита во игрите на среќа

23.08.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 85,26 милиони денари, најтргувани акциите на Алкалоид

22.08.2026

Препорачани Вести

Израел и САД се подготвуваат за можен судир со Иран, тајни консултации во Ерусалим

Израел и САД се подготвуваат за можен судир со Иран, тајни консултации во Ерусалим

7 месеци ago

НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови, ризик од поплави и јужен ветер до 60 км/ч

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Дали руски дрон сам ја избрал целта и убил тројца цивили? Истрага отвора прашања за новата ера на војување со AI

    Дали руски дрон сам ја избрал целта и убил тројца цивили? Истрага отвора прашања за новата ера на војување со AI

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За малку 27,5 тони млеко со канцерогениот афлатоксин од Косово ќе стигнеа до македонските потрошувачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожарот над Бојане ставен под контрола, тетовските пожарникари гаснат и по 13 жаришта дневно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран со нова порака до Бугарија: Не дозволувајте вашите бази да се користат против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски: Русија сакаше да ја освои цела Украина, а сега ги губи рафинериите и флотата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.