четврток, јули 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Полициски службеници од Кочани обвинети за злоупотреба по пожарот во „Пулс“: Внесување неточни податоци и овозможување непречена работа на дискотеката

by Redakcija
03.03.2026
in Македонија
Кривична пријава против „Шарли Ебдо“ по карикатурата за трагедијата во Кран-Монтана

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се отвори постапката против тројца полициски службеници од Кочани: Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков, поради нивната вмешаност во пожарот во дискотеката „Пулс“ од 16 март 2025 година, кој однесе 63 животи, претежно на млади луѓе, и остави над 200 повредени.

Обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог, а судењето ќе се води по скратена постапка.

Според обвинувањата, во периодот од октомври 2023 до февруари 2024, Богатинов и Лазаров не постапиле по анекс-планот за акциска контрола, а при изготвувањето на записниците за контрола на „Пулс“ внесувале погрешни информации за фирмата и за одговорното лице. Во меѓувреме, инспекторите констатирале нарушувања на јавниот ред и мир, но не побарале ниту лиценца за работа на клубот.

Како командир на ПС Кочани, Темелков требало да го провери целокупниот материјал пред да одобри прекршочни постапки во два случаи во 2024, потпишал и поднел барања против правно лице кое веќе не постоело и против лице кое не било одговорно за „Пулс“.

Обвинителството тврди дека тројцата намерно внесувале неточни податоци за да му овозможат на „МММ Кафе ДООЕЛ“ и нејзината подружница „Пулс“ непречено работење, прибавувајќи им имотна корист и оставајќи го клубот без законска контрола. Со ваквите дејствија, на обвинетите им се става на товар кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Паралелно, судски процеси започнуваат и против уште две групи полициски службеници поврзани со коруптивното работење на дискотеката „Пулс“, чија недоследност и непрофесионалност резултираше со една од најтрагичните катастрофи во земјата минатата година. Следното рочиште е закажано за 18 март.

Related Posts

Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

23.07.2026

Полицијата почна со казни за електрични тротинети

23.07.2026

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути за излез од државата

23.07.2026

ВЛЕН: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?

23.07.2026

Мицкоски по силното невреме: Штетите ќе се рефундираат од надлежните институции

22.07.2026

Ветер од 134 км/ч беснеел во Македонија – УХМР објави детали за орканот што направи хаос

22.07.2026

Препорачани Вести

avion

„Turkish Airlines“ инвестира над 2,3 милијарди евра за најголемиот карго терминал во светот

7 месеци ago
Новата колекторска пумпа во Нов Дојран ветува почисти води во езерото

Дојранското Езеро добива план за целосна заштита

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Бунт во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да бидеме дел од туѓа војна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хутите нападнаа нафтен танкер во Црвеното Море: Брод со саудиско знаме се запали по ракетен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блумберг го откри планот на Путин за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Закани со пиштол во Тетово – Полицијата реагирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пукање во Косово – Едно лице го загубило животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.