сабота, мај 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Европол алармира на ризици од тероризам поради конфликтот во Иран

by Simovski
06.03.2026
in Свет
Европол алармира на ризици од тероризам поради конфликтот во Иран

Европската Унија се соочува со засилен ризик од терористички закани, предупреди денеска Европол, поврзувајќи ја растечката опасност со тековниот конфликт во Иран. Според институцијата, влијанието на ирански посреднички актери би можело да резултира со дестабилизирачки активности во земјите-членки на ЕУ.

Јан Оп Ген Орт, портпарол на Европол, нагласи дека нивото на закана од тероризам и екстремизам е „зголемено“. Тој објасни дека ова може да се манифестира како радикализација на поединци или формирање на мали, самостојни ќелии во рамките на ЕУ. Брзото ширење на содржината на интернет, посебно меѓу дијаспората, дополнително ја забрзува краткорочната радикализација.

Европол укажа и на можната улога на таканаречената „Оска на отпорот“ и на криминални мрежи поврзани со иранските безбедносни институции, кои би можеле да учествуваат во терористички активности. Активностите на овие актери, според Оп Ген Орт, може да опфатат напади, кампањи за заплашување, финансирање на тероризам, но и кибер напади, ширење дезинформации и интернет измами.

Ризикот од сајбер напади, особено насочени кон критична инфраструктура и деловниот сектор, би можел да се зголеми ако конфликтот во Иран продолжи. „Онлајн просторот ќе стане платформа за криминални и терористички мрежи, кои ќе ја искористат информациската средина преку измами и дезинформации со помош на вештачка интелигенција“, додаде Оп Ген Орт.

Како одговор на овие загрижености, Европскиот колеџ за безбедност и одбрана одлучи да ја засили соработката со Европол, особено поради потенцијалната иранска одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Related Posts

Тајната операција на Украинците траела со месеци: „Ја осакативме единицата на Кадиров“

01.05.2026

ВИДЕО: Објавено видео од нападот врз Доналд Трамп – осомничениот го пробил обезбедување за неколку секунди

01.05.2026

САД подготвуваат распоредување на „Темен орел“ на Блискиот Исток поради ракетните потези на Иран

01.05.2026

Трамп со закани до Германија по изјавите на Мерц

30.04.2026
Турција по трет пат собори иранска балистичка ракета

Залихите на „Патриот“ се празнат, но Украина смисли нов и поевтин начин на одбрана

30.04.2026
Русија воведува строг контролен режим за извоз на готовина и злато

Путин во разговорот со Трамп: Продолжување на конфликтот со Иран би било опасно

30.04.2026

Препорачани Вести

Цените на нафтата нагло паднаа по вчерашниот скок над 100 долари за барел

Следува ново намалување на цените за горивата?

2 недели ago
Иран ја прикажува својата „подземна флота“ беспилотни летала и ракети во ново видео

Нема примирје, порача Техеран по изјавите на Трамп

1 месец ago

Популарни Вести

  • Исчезна 16 годишно девојче во Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО САРАЕВО: Полицијата го пронајде убиецот, позната судбината и на малото девојче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Нов инцидент во ЗОО Скопје – посетителка влезе во опасна зона кај мајмуните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов закон за миленици во Македонија: Казни до 400 евра за несовесно чување кучиња – казна до 5.000 евра за ова дело!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.