среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Милко со промоција на EP-то „Последен ден“ на 7 март во клубот Ѕе

by Redakcija
06.03.2026
in Магазин

 Еден од најавтентичните состави на домашната независна музичка сцена, Милко, на 7 март во клубот Ѕе во ГТЦ ќе го одржи промотивниот концерт по повод своето најново EP издание, „Последен ден“. Концертот ќе биде можност публиката во живо да го чуе новиот материјал, но и повторно да се сретне со дел од песните што со години го градат препознатливиот звук и статус на бендот. 

Милко се препознаваат како значаен дел од македонската алтернативна сцена – бенд што низ годините останува релевантен благодарение на студиозниот пристап, авторската доследност и внимателното градење на сопствениот музички израз. Новото EP „Последен ден“ носи четири сингла создадени во последната годинаа издадени за Шарла Рекордс, означувајќи го нивното враќање по извесна пауза. Изданието се одликува со освежен звук и нов креативен импулс, збогатен и со учеството на Хана Корнети и Јоана Ристеска. 

„Последен ден“ е издание што на искрен и полетен начин го покажува зреењето на Милко, а самиот концерт е совршен повод за повторна средба во живо со бенд што и по 18 години постоење продолжува да создава релевантна и возбудлива музика. 

Настанот ќе го отвори Хана Корнети со соло настап, додека како специјален музички гостин ќе настапи и Нинослав Спировски на саксофон, музичар со препознатливо име на скопската алтернативна џез сцена и долгогодишен пријател на бендот. На концертот, покрај песните од новото EP, ќе бидат изведени и постари композиции на Милко, песни што веќе имаат свое место во меморијата на домашната инди публика. 

Со оваа промоција, Милко уште еднаш потврдуваат дека се важен и жив дел од современата домашна музичка сцена, бенд чија приказна трае, се развива и останува блиска до публиката. 

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Старите авионски мотори добиваат нова задача: Ќе произведуваат струја за вештачката интелигенција

11.11.2026

Дневен хороскоп за 11 ноември: Биковите пред љубовно признание, Водолиите со идеја што заслужува внимание

11.11.2026

Многу возачи не знаат како најлесно да се ослободат од замаглените стакла во автомобилот: Притиснете само едно копче

10.11.2026

Заборавете на класичните олуци: Јапонците смислиле необично решение за дождовницата кое станува сè попопуларно

10.11.2026

Крај на една ера: Audi по 32 години го прекина производството на A8, познато е кој модел ќе го замени

10.11.2026

Оставил 4.000 овци на пуст остров, а по неколку децении се случило нешто што ги изненадило научниците

10.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Масовно апсење низ државата: Лишени од слобода 11 лица

4 месеци ago

(ВИДЕО) Заборавената вистина за егејска Македонија: трагедија, асимилација и борба за сеќавање

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од 1 јануари се зголемува старосната граница за пензионирање на жените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.