среда, јули 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Целосна дигитализација на здравствениот систем: Хартијата останува само резервно решение

by Redakcija
06.03.2026
in Македонија
Целосна дигитализација на здравствениот систем: Хартијата останува само резервно решение

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес најави револуционерни измени во начинот на водење здравствена документација. Според предложените законски промени, сите медицински податоци – од рецепти и упати до извештаи и регистри – ќе бидат исклучиво дигитализирани, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремена мерка при технички прекин на системот.

Една од најголемите новини е воведувањето на Електронско здравствено досие за секој пациент, кое ќе служи како централен извор на сите здравствени информации. Преку него, граѓаните ќе имаат целосен преглед на своите прегледи, лабораториски резултати, рецепти, упати, па дури и телемедицински услуги. Достапноста ќе биде обезбедена преку електронски портал или мобилна апликација, со јасни правила за пристап на малолетни лица и можност за овластување на трето лице.

„Нашата визија е модерно, безбедно и интегрирано водење на здравствените податоци. Ова не само што ја зголемува транспарентноста, туку директно го подобрува квалитетот на здравствените услуги за пациентите“, нагласи Алиу. Според него, со новиот закон се надминуваат старите ограничувања во евиденцијата и се овозможува целосно електронско водење преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството, познат како „Мој Термин“.

Законските измени исто така предвидуваат техничка и семантичка интероперабилност на сите здравствени информатички системи. Ова значи дека сите јавни и приватни здравствени установи ќе мора да користат системи усогласени со националниот стандард, со задолжително сертифицирање и евидентирање на секој пристап до податоците, со цел зголемување на безбедноста и транспарентноста.

За првпат, законот легализира и интеграција на телемедицината и мобилното здравство (mHealth) во националниот систем. Телемедицинските услуги ќе имаат еднаков правен статус како и физичките прегледи, а анонимизирани податоци ќе можат да се користат исклучиво за јавен интерес – за научни истражувања, статистика, образование и развој на здравствени политики. Секој обид за профилирање или економска штета на поединец е строго забранет.

Покрај тоа, законот предвидува централизација и интеграција на здравствените регистри, зајакнување на безбедносните стандарди и задолжително воспоставување системи за управување со информациска безбедност во здравствените установи, со обврска за пријавување на евентуални инциденти.

„Со усогласување на националните регулативи со европските стандарди, вклучително и Регулативата за Европскиот простор за здравствени податоци, поставуваме темели за модерен, сигурен и интероперабилен систем за управување со здравствените податоци“, рече Алиу.

Во финална фаза се измените на 12 закони од областа на здравството, кои наскоро ќе бидат објавени на ЕНЕР. Меѓу нив се законите за здравствена заштита, заштита од пушењето, здравствено осигурување, а за Законот за заштита на населението од заразни болести се предвидуваат новини во рамки на дигитализацијата.

Related Posts

Македонската полиција формира „Task Force“ за поинтензивна борба против трговијата со дрога

30.06.2026
Мицкоски и Реџепи во остар дуел за јазичните политики и уставните измени на денешната седница во Собранието

Мицкоски: Здравство и социјала со нови министри од ВМРО-ДПМНЕ

30.06.2026

Три лица повредени во експлозија во Монако, цел на напад украински градежен тајкун

30.06.2026

Мицкоски: Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори

30.06.2026
Грција размислува за построги мерки или целосна забрана на електричните тротинети

Собранието го изгласа новиот закон електричните тротинети – Ова се новите правила

30.06.2026
Влажни коловози и зимски услови – АМСМ апелира за внимателно возење

Од 1 јули нови ограничувања на патиштата – еве што треба да знаат возачите

30.06.2026

Препорачани Вести

Уставниот суд отвора постапки за оценување на закони од повеќе области

Уставниот суд отвора постапки за оценување на закони од повеќе области

1 месец ago

Играта во прв план, без одвлекување на вниманието: “Galaxy Game Launcher“ и “Samsung DeX“

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Доброште, Брвеница, Џепчиште и Одри утре остануваат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската полиција формира „Task Force“ за поинтензивна борба против трговијата со дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Два пожари под контрола во Велес и Дојран, ангажиран и Ер трактор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Здравство и социјала со нови министри од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Топлотен бран и домашни миленици: 5 клучни совети што можат да им го спасат животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.