среда, јули 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО: Македонија избрана за домаќин на Детски Евросонг 2026 – се чека официјална потврда

by Уредник
08.03.2026
in Македонија

Македонија би можела да биде домаќин на Детскиот Евросонг 2026, објави специјализираниот портал Eurofestival News. Доколку информацијата се потврди, ова ќе биде првпат евровизиски музички настан да се одржи во Македонија, што би претставувало историски момент за македонската музичка сцена.


Според објавата, до оваа одлука дошло откако Франција се повлекла од кандидатурата за организација на натпреварот. Генералниот директор на San Marino RTV, Роберто Серџо, изјавил дека по откажувањето на Франција, домаќинството му припаднало на Северна Македонија.
„Франција се откажа, а Северна Македонија беше пред нас во апликацијата, така што тие ќе бидат домаќини“, изјавил Серџо.


По оваа изјава, следувала кратка дискусија меѓу него и шефот на делегацијата Дени Монеци, при што Серџо рекол:
„Франција се откажа, па ќе одиме… Не се сеќавам каде. Во Црна Гора? Не, во Северна Македонија. Не требаше да го кажам, но веќе го кажав.“
Иако информацијата веќе предизвика големо внимание меѓу евровизиските фанови, официјална потврда сè уште се очекува од Европската радиодифузна унија и од Македонската радио-телевизија (МРТ).


Доколку ова навистина се случи, Македонија ќе стане првата земја од поранешна Југославија што ќе организира евровизиски настан по Евровизија 2008 во Белград, што би било значајно признание за македонската музичка и телевизиска продукција.


Организацијата на Детскиот Евросонг би значела и голема меѓународна промоција за земјата, со учество на десетици држави и милионска публика која традиционално го следи овој популарен музички натпревар.

Related Posts

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

07.07.2026

Николоски: Започнува најкрупната реформа – нов едношалтерски систем за побрз увоз, извоз и транзит

07.07.2026

Мицкоски: Јовица Илиевски ќе остане запаметен по својата чесност, посветеност и љубов кон Брвеница

07.07.2026

Сончево утро, нестабилно попладне: Еве какво време нè очекува денес

07.07.2026

МВР со важи инфомации за учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште

07.07.2026

Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Одземањето на правото на глас на Македонците надвор од Македонија е неприфатливо

07.07.2026

Препорачани Вести

ВМРО-ДПМНЕ Албанија со поддршка за турнир во Мала Преспа – обезбедени парични награди за најдобрите

ВМРО-ДПМНЕ Албанија со поддршка за турнир во Мала Преспа – обезбедени парични награди за најдобрите

3 месеци ago
usa

САД воведуваат нови прашања за виза: Кандидатите не смеат да одговорат со „не“

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Повеќе скопски населби утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре делови од Тетово и тетовско ќе останат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Летото не е сезона за одмор од проектите, работиме забрзано на улиците во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Одличната атмосфера продолжува и вечерва – заедничко следење на фудбалските натпревари на Камена бина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,44 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.