среда, јули 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Во третиот организиран лет, 109 македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток

by Redakcija
12.03.2026
in Македонија
Во третиот организиран лет, 109 македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток

Синоќа на Меѓународниот аеродром во Приштина слета специјален авион кој превезуваше 151 патник од Блискиот Исток, поточно од Катар, Кувајт, Саудиска Арабија и Бахреин, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Од вкупниот број патници, 109 беа македонски државјани, додека останатите доаѓаа од различни други земји. Муцунски истакна дека со овој трет организиран лет, македонските граѓани од регионот се евакуирани безбедно и во согласност со претходно изготвен план, во тесна координација со надлежните институции. Патниците претходно беа транспортирани до Ријад со организиран превоз, од каде специјалниот лет ги донесе надвор од погодените области.

„Безбедноста на македонските граѓани е и останува наш врвен приоритет. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да биде на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во кризни региони“, напиша Муцунски на својот Фејсбук-профил.

Оваа евакуација следува по вчерашната, втора група македонски граѓани која беше извезена од Обединетите Арапски Емирати. Летот од Дубаи слета на скопскиот аеродром со 150 патници, меѓу кои 125 македонски државјани. Покрај нив, на летот имаше и 7 српски, 11 косовски, по двајца од Босна и Херцеговина и Албанија, како и по еден патник од Германија, Ерменија и Црна Гора.

Related Posts

Николоски: Инвестиција од 200 милиони евра – Лидл носи нов економски импулс за Македонија

01.07.2026

Администрацијата преплавена со боледувања – Ова се најчестите причини

01.07.2026
Мицкоски: Македонија е подготвена за реформи, но не и за идентитетски компромиси

Мицкоски: За првпат по долго време има повеќе барања за поврат отколку за отпис на македонското државјанство

01.07.2026

Последната желба на Владо Јаневски ќе биде исполнета денеска

01.07.2026

Попладне можни пороен дожд, грмежи и град

01.07.2026

ВЛЕН: Со 306 проекти се менува изгледот на општините, празните ветувања ги заменуваат конкретни инвестиции

01.07.2026

Препорачани Вести

Bitola Whiskey Fest: Премиум виски селекција и дегустации

Bitola Whiskey Fest: Премиум виски селекција и дегустации

3 месеци ago

Апсење и претрес во Делчево – МВР со детали

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Уапсени седум лица во Скопје, Струга и Тетово – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поднесено обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комуналец Прилеп: Интензивно косење на клучни делови од Оревоечка река

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 22 години од смртта на Тодор Скаловски – Тетоец – великан на македонската музика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.