сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

„Свои на своето!“: Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

by Redakcija
23.10.2026
in Македонија, Топ Вести

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување на државната награда „23 Октомври“, денеска се одбележува Денот на македонската револуционерна борба.

Празникот е посветен на основањето на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година и на борбата за слобода и автономија на Македонија.

По повод одбележувањето, во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија насловена „Свои на своето!“, на која е најавено обраќање на премиерот Христијан Мицкоски.

Собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав со пратеничките Велика Стојкова-Серафимовска и Даниела Николова, ќе положи венец свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Во Кристалната сала на Собранието, во 11 часот, е предвидено доделувањето на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година.

Добитник за остварувања во културата и уметноста е актерот Ѓорѓи Јолевски. Во областа на науката, наградата им се доделува на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и на археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс.

Организацијата ја основале Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Нејзината дејност се развивала преку создавање мрежа од комитети и организирање на револуционерното движење, чиј значаен настан е Илинденското востание во 1903 година.

Празникот беше одбележан и во македонскиот Културно-информативен центар во Софија. Во средата вечер таму се одржа настан посветен на револуционерното движење, идеалите за слобода и достоинство и животот и делото на Даме Груев.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

28.11.2026

Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

28.11.2026

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

28.11.2026

Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

28.11.2026

Тоневски: Пробиштип ги укинува комуналиите за прв дом за млади брачни парови и ја зголемува помошта за трето дете

28.11.2026

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

28.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на дивоградби до 2031 година

10 месеци ago

Коњановски: Над десет километри патна инфраструктура и нови 220 паркинг места во Битола

4 недели ago

Популарни Вести

  • Научниците открија нешто неочекувано во најдлабокиот дел од океанот: Мистерија на Земјата стара милиони години добива ново објаснување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сè повеќе луѓе пијат вода со мед пред спиење: Тврдат дека прави чуда, но што велат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на телевизорот закачен на ѕид: Нов тренд ги освојува домовите и целосно го менува изгледот на дневната соба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.