петок, јуни 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Денес се сослушуваат нови пет сведоци за трагедијата во Кочани

by Redakcija
12.03.2026
in Македонија

Судскиот процес за пожарот во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, каде што животот го загубија 63 луѓе, а над 200 беа повредени, денес продолжува во кривичната сала на затворот „Идризово“.

На рочиштето предвидено за денеска, обвинителството ќе продолжи со претставување на докази преку сослушување на пет сведоци што ги предложи јавниот обвинителски тим, кој брои 15 обвинители.

На минатото рочиште во судот беше сослушан Горан Игновски, стручњак со повеќе од три децении искуство во продажба, одржување и најем на опрема за настани – од озвучување и осветлување до сценски ефекти. Неговиот исказ требаше да даде технички увид во опремата што се користела во клубот.

Потоа во судницата сведочеше и вработена во сметководствено биро што имала соработка со агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Таа категорично изјави дека никогаш не се сретнала со каков било материјален доказ кој би ја поврзал агенцијата со дискотеката „Пулс“.

Истата судска седница донесе и сведочење од службеничка од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани, која изјави дека оваа институција не добила никаков вид на документација поврзана со клубот и дека во нивниот регион нема инспектор за заштита и спасување.

Еден од најочекуваните моментите беше исказот на Трајче Димишковски, долгогодишен возач‑доставувач во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, чие сведочење привлече внимание откако тој го промени својот исказ од истражната постапка. Неговото сведочење беше прекинато, а денеска во судот ќе биде прочитано она што го изјавил пред обвинителите веднаш по трагедијата што ја потресе земјата.

Со овие сведоци, обвинителството ја продолжува својата доказна постапка пред судијката Дијана Груевска‑Илиевски, која го води случајот низ комплексниот правен процес кој и натаму се наоѓа во фазата на прибирање на докази.

Related Posts

Прв случај на зика вирус во Македонија: Инфекцијата донесена од патување на Малдиви

19.06.2026

Полицијата доби нови правила за изглед: дозволени бради и ограничени тетоважи

19.06.2026

Почина уште еден обвинет во случајот за трагедијата во Кочани

19.06.2026

ВЛЕН: Се отвора ново поглавје за Универзитетот „Мајка Тереза“

19.06.2026

Речиси 5.000 деца чекале место во градинка минатата година

19.06.2026

Бугарска амбасада со апел до македонските медиуми и јавни личности

19.06.2026

Препорачани Вести

Продажба во услови на промени: одржлив раст, ризици и одговорност

5 месеци ago

Куќи за 13 центи: семејства од Украина, Чиле и Мексико се преселија во Подравина

3 месеци ago

Популарни Вести

  • 157 нови вработувања во Клиничката болница Тетово – кадровско зајакнување и инвестиции од 74 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 5 лица во бегство по истрагата во ФФМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција воведува нов систем за патарини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прв случај на зика вирус во Македонија: Инфекцијата донесена од патување на Малдиви

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против директор – го оштетил буџетот за над 7,7 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.