понеделник, јуни 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025 во Македонија, уште пред да одбележи една година присуство на пазарот

by Redakcija
12.03.2026
in Магазин

(Скопје, 12 март 2026) – Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025, национална иницијатива што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Компанијата беше наградена во категориите Мобилна апликација за е-трговија на годината, Маркет плејс и мулти е-продавница и Најдобра новоотворена е-продавница, со што, уште пред да одбележи една година почетокот на официјалното работење во Македонија, се вброи меѓу најистакнатите и најнаградуваните дигитални сервиси на локалниот пазар.

Wolt официјално започна со работа во Скопје на почетокот на април 2025 година, со јасна цел, на едно место да ги поврзе локалните ресторани, продавници и супермаркети и да им овозможи на корисниците едноставно нарачување и сигурна достава, во просек за околу 30 минути. За краток период, платформата стана дел од секојдневието на голем број корисници во градот, а локалниот пазар покажа силен капацитет за дигитален раст, брзо прифаќање на иновации и подготвеност за развој на нови навики во е-трговијата.

„Овие награди ги доживуваме како признание за целиот екосистем што го градиме заедно, за нашите корисници, партнерските ресторани и продавници, како и за курирските партнери. За навистина кратко време во Скопје успеавме да изградиме услуга на која луѓето ѝ веруваат, а нашиот фокус останува непроменет: сигурно и едноставно корисничко искуство, силна поддршка за локалните партнери и постојано унапредување на платформата“, рече Огњен Љумовиќ, раководител за продажба во Wolt.

Според Ненад Виторовиќ, менаџер за продажба во компанијата наградите eCommerce Awards дополнително го потврдуваат Wolt како еден од најистакнатите дигитални сервиси на пазарот, особено преку мобилното искуство што им овозможува на корисниците со само неколку допири да го активираат целиот процес, од нарачка и подготовка, до брза и сигурна достава. Досегашното искуство на пазарот е силна потврда дека Wolt успеа брзо да изгради доверба, релевантност и препознатливост кај корисниците и партнерите.

Wolt и во следниот период ќе продолжи да инвестира во развојот на услугата, во унапредување на корисничкото искуство и во поддршка на локалниот бизнис екосистем, а за сите следни новини јавноста ќе биде навремено информирана.

За eCommerce Awards

eCommerce Awards е национална иницијатива започната во 2021 година, од страна на Македонската асоцијација за е-трговија со цел препознавање и промовирање на дигиталната извонредност во Северна Македонија. Годишниот настан ги слави најуспешните е-продавници и иноватори преку комбинација од експертска евалуација и јавно гласање.

…

Related Posts

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

22.06.2026

За овие три хороскопски знаци летото 2026 ќе биде период на незаборавни моменти

22.06.2026

ВИДЕО: Германски тенк против Голф 4

21.06.2026

Госпоѓа има пензија од дури 1.400 евра месечно, а дури 24 години не работела: Еве како ѝ успеало

21.06.2026
Каде да избегаш летово без финансиски стрес: 8 европски плажи што ќе ти го спасат буџетот

Колку пари ви требаат за летување во Црна Гора ова лето? Еве ги цените за сместување, плажи и храна

21.06.2026

Докторка која истражува заболувања од рак открива: Овие 4 намирници НИКОГАШ НЕ ГИ ЈАДЕТЕ!

21.06.2026

Препорачани Вести

Повредени најмалку 18 лица по нападот врз Одеса

Масовни дрон-напади во Русија и Украина, жртви во Херсон и хаос во Санкт Петербург

2 недели ago
Цените на нафтата нагло паднаа по вчерашниот скок над 100 долари за барел

Денес ќе има одлука за цените на нафтените деривати

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема експлозија во Катар ја потресе гасната индустрија, има повредени и исчезнати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шокантен случај во Скопје: Девојче се обидело да си го одземе животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За овие три хороскопски знаци летото 2026 ќе биде период на незаборавни моменти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.