вторник, мај 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

ЦУК предупредил уште во декември за опасност од свлечиште на патот кон Теферич

by Redakcija
12.03.2026
in Скопје

Центар за управување со кризи уште во декември минатата година испратил писмено предупредување до Општина Кисела Вода дека патот кон Теферич е небезбеден и дека постои ризик од свлекување на земјиштето, но и покрај тоа сообраќајницата останала отворена за сообраќај сè до февруари годинава.

Патот, кој последен пат беше реновиран и повторно пуштен во употреба во септември 2025 година, само два месеца подоцна бил посочен како ризичен. Според информациите од ЦУК, на 24 декември 2025 година до Општината било испратено известување со кое се барало надлежните служби итно да преземат мерки за обезбедување на локацијата, поставување соодветна сигнализација и евентуално привремено затворање на сообраќајот доколку постои директна закана за граѓаните.

И покрај предупредувањето, патот продолжил да се користи до 20 февруари 2026 година, кога асфалтот се расцепил, а дел од сообраќајницата пропаднал речиси еден метар поради големо свлечиште.

Оттогаш поминаа речиси три недели, а патот е целосно затворен по насока на Општина Кисела Вода. Во меѓувреме се изработува стручен извештај од експерти на Градежен факултет – Скопје за состојбата на теренот и можностите за санација.

Деканот на факултетот, Јосиф Јосифовски, вели дека ситуацијата е сериозна и дека е неопходна брза реакција за да се спречи дополнително ширење на свлечиштето.

„Откако ќе биде изготвен извештајот за процена на ризикот и проектот за санација, натамошните чекори ќе зависат од локалната самоуправа. Потребно е најитно да се реагира за да се спречи понатамошно развивање на свлечиштето“, посочува Јосифовски.

Од ЦУК објаснуваат дека вакви процени за ризици и опасности се изработуваат за сите општини и се доставуваат до локалните власти, кои потоа преку советите на општините треба да ги разгледаат и да постапат по нив.

Сепак, од Центарот нагласуваат дека општините немаат законска обврска веднаш да постапуваат по добиените предупредувања.

По инцидентот, пропаднатиот дел од патот останал отворен за движење уште околу 24 часа, по што Општина Кисела Вода донела одлука сообраќајницата целосно да се затвори. Таа ќе остане затворена сè додека не биде изработен основниот проект за санација.

Стручните лица предупредуваат дека трајно решение може да се постигне само со темелна стабилизација на земјиштето, сушење на почвата, изградба на атмосферска канализација и поставување потпорни конструкции, бидејќи во спротивно постои ризик од нови свлечишта и по евентуалната реконструкција на патот.

Related Posts

Дел од Гази Баба денес без вода

05.05.2026

Угинати кучиња пронајдени наво Општина Кисела Вода – сомнежи за труење на јавни површини

03.05.2026

Рекордна акција во Скопје: За само 8 часа санкционирани 113 моторџии – еден возач приведен

03.05.2026

ВИДЕО: Нов инцидент во ЗОО Скопје – посетителка влезе во опасна зона кај мајмуните

01.05.2026
Сендвичарницата „Седмица“ кај Грчката амбасада се затвора

Сендвичарницата „Седмица“ кај Грчката амбасада се затвора

30.04.2026
Паркинзите во Центар утре без наплата по повод 1 мај

Паркинзите во Центар утре без наплата по повод 1 мај

30.04.2026

Препорачани Вести

Трипуновски: Субвенциите ќе завршуваат кај посветените земјоделци

Трипуновски: Субвенциите ќе завршуваат кај посветените земјоделци

2 месеци ago

Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: повредени двајца млади

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Енергетската мрежа во Европа не го следи развојот на AI технологијата

    Енергетската мрежа во Европа не го следи развојот на AI технологијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ-поткастите го преплавуваат интернетот: Третина од новите канали се генерирани од алгоритми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Биокапацитетот наспроти потрошувачката: Балканот рано влегува во еколошки дефицит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: ЕУ со децении применува двојни стандарди кон Турција и ја држи надвор од членство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 2,5 милиони слободни работни места во ЕУ: Структурен проблем во европската економија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.