вторник, мај 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Прилеп ја добива првата фабрика за селекција на отпад во Македонија

by Redakcija
13.03.2026
in Република, Топ Вести

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор за прва фабрика од ваков тип во Македонија, со современа технолошка линија за селекција.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека технолошката линија од реномираниот производител Technix е во завршна фаза на монтирање и ќе има капацитет за преработка до 10 тони отпад на час.

За време на увидот на терен, Проданоски заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“, претставници од општинската администрација и главниот инженер од фирмата изведувач разговарале за текот на работите и следните фази од реализацијата на проектот.

Фабриката располага со 1300 кубни метри затворен простор каде што е поставена линијата за селекција на отпад, како и 5980 квадратни метри надворешен простор наменет за прием на отпад, манипулација со транспортни возила и складирање на селектираните материјали.

Со ставањето во функција на овој капацитет ќе се овозможи поефикасно раздвојување на отпадот, како пластика, хартија, најлон, метал и други рециклирачки материјали, што ќе значи помалку отпад на депониите и повеќе можности за рециклирање.

Според Проданоски, проектот има значење не само за Прилеп, туку и за целиот регион, бидејќи ваквите капацитети се клучни за воспоставување на модерен регионален систем за управување со отпад, каде што отпадот од повеќе општини ќе се третира на организиран и еколошки прифатлив начин.

Тој истакна дека целта на општината е создавање почиста животна средина, поодржливо користење на ресурсите и воведување современи решенија кои ќе обезбедат подобри услови за живот за граѓаните.

…

Related Posts

Димитриеска – Кочоска: Обезбедивме најповолни услови за задолжување, наша обврска е да ја задржиме фискалната стабилност и рационално да управуваме со јавните средства

19.05.2026

Денот на пожарникарите ќе биде одбележан со показна вежба во Прилеп

19.05.2026

ЈКП Водовод – Битола со нови инвестиции за поефикасен и одржлив водоводен систем

19.05.2026

Проданоски: Современа технологија во служба на побезбеден сообраќај во Прилеп

19.05.2026

И ТЕПАН И БЕЗ ПАРИ: Газда во Делчево истепал работник бидејќи дал отказ згора на се му земал 26.000 денари

18.05.2026

Јегуновце го заокружи четвртото издание на турнирот во мал фудбал

18.05.2026

Препорачани Вести

17 кикбоксери од 9 клубови ќе ја претставуваат Македонија на ВАКО Светскиот куп во Италија

17 кикбоксери од 9 клубови ќе ја претставуваат Македонија на ВАКО Светскиот куп во Италија

2 месеци ago

Малолетничка жртва на тешка сексуална злоупотреба и уцени – истрага против најмалку 17 лица

4 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) ЛОНДОН ГОРИ: Илјадници фанови пред „Емирати“ ја слават историската титула на Арсенал по 22 години!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски за случајот „Пулс“: Не може да има вина за функционери од пред 10 и повеќе години, сите знаевме дека дискотеката работи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АРСЕНАЛ Е ШАМПИОН НА АНГЛИЈА: „Топчиите“ ја урнаа доминацијата на Сити и по 22 години го освоија тронот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Американец влезе во кафез кај славното мајмунче Панч облечен како крипто-маскота – веднаш беше уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јанез Јанша се враќа на власт: Обезбеди мнозинство за четврти премиерски мандат во Словенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.