вторник, август 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Очекуваме пониски цени на пумпите по координацијата со компаниите

by Redakcija
13.03.2026
in Економија

Во услови на зголемена нестабилност на глобалните енергетски пазари и состојбата со нафтените деривати на светско ниво, Владата внимателно ја следи состојбата на домашниот пазар и е во постојана координација со компаниите од секторот со цел да се обезбеди стабилно снабдување и да се избегнат ценовни шокови за граѓаните и економијата.

Во таа насока, компанијата ОКТА најави иницијатива за поддршка на пазарот, со која почнувајќи од денеска до крајот на март ќе обезбеди попуст од 2,4 денари за килограм (2 денари по литар) за дизел и бензини за трговците кои набавуваат горива од компанијата. Со ова се создава дополнителен простор дел од олеснувањето да се пренесе и кон крајните потрошувачи.

Овој потег доаѓа по обезбедувањето дополнителни количини гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што значително го зајакнува снабдувањето на домашниот пазар.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го поздрави овој чекор, истакнувајќи дека во период на глобална енергетска неизвесност особено е важно институциите и компаниите да делуваат координирано.

„Во време кога меѓународните енергетски пазари се под силен притисок и цените се под влијание на глобалните случувања, секоја иницијатива која може да придонесе за ублажување на притисокот врз граѓаните и бизнисите е значајна. Очекуваме и компаниите кои работат во малопродажба да го следат овој пример и попустот да се рефлектира и во цените што ги плаќаат граѓаните“, изјави министерката Божиновска.

Главнот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, изјави: 

„Како општествено одговорен снабдувач со енергија, ОКТА почнувајќи од денеска, па сè до крајот на месец март, воведува попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини, за трговците на големо и мало кои набавуваат горива од ОКТА, со што им се овозможува оваа придобивка да ја пренесат кон крајните потрошувачи. Сепак, трговците на големо и мало остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени. Оваа иницијатива ја одразува долгогодишната посветеност на ОКТА да го поддржува пазарот, домаќинствата и бизнисите во периоди на зголемени предизвици“, потенцираше Пасхос.

Министерката Божиновска нагласи дека очекува од малоподажните трговци да ја формираат и својата цена согласно попустот, со што олеснување ќе почуствуваат и граѓаните. Таа потенцираше дека државата сериозно ја следи состојбата на пазарот. Минатата недела во Владата се одржа координациски состанок со премиерот и со компаниите од секторот, на кој беше констатирано дека компаниите располагаат со обезбедени залихи и стабилен увоз на горива, што значи дека во овој момент снабдувањето на домашниот пазар е стабилно.

Сепак, како што беше истакнато на состанокот, цените на светските пазари се под притисок на глобалните настани, што претставува фактор кој влијае врз цените на горивата и во регионот.

Во таа насока, Владата внимателно ги следи движењата на пазарот и ги разгледува сите механизми што ѝ стојат на располагање за заштита на граѓаните, доколку глобалните ценовни притисоци продолжат. Меѓу можните инструменти се и корекции на даночните стапки, како намалување на ДДВ за горивата, како и прилагодување на акцизите, во зависност од движењата на светските цени.

Истовремено, пуштањето во функција и зголеменото користење на продуктоводот ВАРДАКС доаѓа во особено важен момент, бидејќи дополнително ја зајакнува сигурноста на снабдувањето со горива во земјата и придонесува за намалување на транспортните трошоци, кои досега се плаќаа за алтернативни начини на транспорт.

„Во услови на глобална енергетска неизвесност, стабилното снабдување и заштитата на стандардот на граѓаните остануваат наш приоритет. Владата ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и ќе преземе соодветни мерки доколку тоа биде потребно“, истакна министерката Божиновска.

…

Related Posts

Благ раст на Македонската берза, „Универзална Инвестициона Банка“ најголем добитник

25.08.2026

Божиновска: Речиси 95% од потребите за струја во јули ги покривме со домашно производство

25.08.2026

Македонската берза во благ раст: МБИ10 зголемен за 0,20 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

24.08.2026

Горивата поскапуваат, дизелот над 100 денари за литар

24.08.2026

Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

24.08.2026

Божиновска: Сонцето станува еден од главните столбови на македонската енергетика

25.08.2026

Препорачани Вести

Мицкоски: Македонија е подготвена за реформи, но не и за идентитетски компромиси

Мицкоски: Огромно признание за државата – влегуваме во едно од клучните тела на ОН

3 месеци ago

ХАОС НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: Туристи чекаат со часови на „Евзони“, колони долги километри

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада возвраќа на Трамп со нови царини за американската стока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Спржена земја“ во Украина: Фронтот веќе се гледа од вселената, сателитски снимки покажуваат огромно уништување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозна посета на Москва: Американски воен авион ја напушти Русија, се споменува и директорот на ЦИА Џон Ретклиф

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.