среда, мај 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Приведени 21 возач – Полицијата продолжува со контролите

by Redakcija
14.03.2026
in Црна Хроника

21 возач лишен од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило

Вчера, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 21 возач поради безобѕирно управување со моторно возило.
Од нив, пет возачи (од Тетово, Штип, Скопје и Струмица) управувале возило под дејство на алкохол. Единаесет возачи (од Скопје, Битола, Дебар, Охрид, Гостивар, Тетово, Велес и Неготино) управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека тројца возачи (од Велес, Куманово и Тетово) управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.

Во два случаи кај возачи од Скопје и Штип било утврдено присуство на алкохол, при што едниот не поседувал возачка дозвола, додека другиот имал и активна мерка забрана за управување со моторно возило.

Во два од случаите возачите предизвикале и сообраќајни незгоди. Лицето З.Н.(46) од Штип, кај кого било констатирано 2,41 промили алкохол во крвта и кој управувал возило без возачка дозвола, како и И.С.(60) од Гостивар, кој исто така управувал возило без возачка дозвола. Двајцата удриле во паркирани возила.

Во текот на вчерашниот ден бил запрен и малолетник од Кавадарци, кој управувал возило без да поседува возачка дозвола.

Притоа, одземени се и 15 возила. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана претставува сериозна опасност за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Само со одговорно однесување и почитување на правилата можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

…

Related Posts

Приведен 44-годишник во тетовско поради лажно пријавување на кривично дело

26.05.2026

Масовна тепачка во прилепско: осум лица приведени – жртви нападнати и во Итната помош

26.05.2026

Тежок инцидент во Драчево: Мотор влечел 12-годишно дете по улица

26.05.2026

На Ќафасан приведен 67-годишен државјанин на Албанија: Бил баран од полицијата во Струга

26.05.2026

Тешка несреќа на патот Штип-Делчево: Жител на Кочани го загуби животот

26.05.2026

Масовна тепачка во Прилеп: Приведени осум лица, инволвиран и малолетник

26.05.2026

Препорачани Вести

Раскол во СДСМ? Мицкоски тврди: Градоначалникот на Крива Паланка го поддржува рудникот за антимон спротивно од партискиот став

1 месец ago
Обид за бегство и офшор шеми: Како Галушченко и неговата мрежа переа милиони

Обид за бегство и офшор шеми: Како Галушченко и неговата мрежа переа милиони

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Димитровски: Битола е љубов и за неа вреди да се даде сè

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лавров со порака до САД: Итно евакуирајте ја амбасадата во Киев пред новите руски напади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на соработка на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПРОВЕРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СМЕТКИ – ВО ТЕК Е ИСПЛАТАТА НА МОЈДДВ!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приведен 44-годишник во тетовско поради лажно пријавување на кривично дело

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.