среда, септември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Приведени 21 возач – Полицијата продолжува со контролите

by Redakcija
14.03.2026
in Црна Хроника

21 возач лишен од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило

Вчера, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 21 возач поради безобѕирно управување со моторно возило.
Од нив, пет возачи (од Тетово, Штип, Скопје и Струмица) управувале возило под дејство на алкохол. Единаесет возачи (од Скопје, Битола, Дебар, Охрид, Гостивар, Тетово, Велес и Неготино) управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека тројца возачи (од Велес, Куманово и Тетово) управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.

Во два случаи кај возачи од Скопје и Штип било утврдено присуство на алкохол, при што едниот не поседувал возачка дозвола, додека другиот имал и активна мерка забрана за управување со моторно возило.

Во два од случаите возачите предизвикале и сообраќајни незгоди. Лицето З.Н.(46) од Штип, кај кого било констатирано 2,41 промили алкохол во крвта и кој управувал возило без возачка дозвола, како и И.С.(60) од Гостивар, кој исто така управувал возило без возачка дозвола. Двајцата удриле во паркирани возила.

Во текот на вчерашниот ден бил запрен и малолетник од Кавадарци, кој управувал возило без да поседува возачка дозвола.

Притоа, одземени се и 15 возила. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана претставува сериозна опасност за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Само со одговорно однесување и почитување на правилата можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

…

Related Posts

Запалил сува трева во Тетовско, пожарот се проширил на голема површина

09.09.2026

Автомобил излетал од патот, тешко повреден 45-годишен Хрват

09.09.2026
ТЕПАЧКА ПО СООБРАЌАЈКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Шест лица учествувале во физичка пресметка

Пријавил дека го ограбиле со пиштол, полицијата откри дека сè било измислено

09.09.2026

Полицијата го фати во Тетово: Штипјанец осомничен за три кражби

09.09.2026
Трагедија во Гази Баба: Почина 24-годишно момче, обвинител нареди обдукција

Застреланиот во Арачиново е познат албански пејач

09.09.2026

Приведен тетовец за издржување затворска казна

09.09.2026

Препорачани Вести

Претседателот Трамп им се закани на сите што се противат на одземањето на Гренланд

8 месеци ago

ЕУ испрати сериозно предупредување до Албанија: Спорниот проект на Кушнер може да ја закочи европската иднина на земјата

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Уште еден град се приклучува на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Ветерниот парк во Штип е чекор кон енергетски независна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прават Македонија лидер во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запалил сува трева во Тетовско, пожарот се проширил на голема површина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил излетал од патот, тешко повреден 45-годишен Хрват

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.