сабота, септември 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Танкерите повторно минуваат низ Ормускиот теснец – пад на цената на нафтата на светските пазари

by Redakcija
16.03.2026
in Свет
Австралија и Јапонија одбиваат да испратат бродови во Ормускиот теснец

Цените на нафтата на светските берзи попладнево забележаа пад откако првите танкери успешно поминаа низ Ормускиот теснец, што ја зголеми надежта кај трговците дека клучниот поморски пат за транспорт на енергенси повторно ќе функционира и покрај тензиите на Блискиот Исток.

Според берзанските податоци, цената на суровата нафта во 15:00 часот се намали за 5,56 проценти и изнесуваше 93,222 долари за барел, додека цената на нафтата од типот Брент падна за 2,62 проценти и достигна 100,386 долари за барел.

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека Соединетите Американски Држави им дозволуваат на иранските танкери да поминуваат низ Ормускиот теснец со цел да се обезбедат доволни количини на нафта за светските пазари. Тој оцени дека во наредните месеци цените на нафтата најверојатно ќе паднат значително и би можеле да бидат под 80 долари за барел.

Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме побара од сојузниците да помогнат во обезбедувањето на поморскиот сообраќај низ теснецот и да учествуваат во заштитата на танкерите.

Трамп потврди дека САД наредиле воздушни напади врз ирански воени цели на островот Харг, но нагласи дека објектите на нафтената инфраструктура засега не биле цел на нападите. Сепак, тој предупреди дека Вашингтон би можел да ги таргетира и нафтените постројки доколку Иран продолжи со напади врз танкери.

Американскиот амбасадор во Обединетите нации Мајк Валц изјави дека постои можност за прецизни напади врз иранската нафтена инфраструктура доколку ескалира ситуацијата.

Според податоците, околу 90 проценти од извозот на иранска нафта се одвива токму преку островот Харг, каде што производството во февруари изнесувало околу 3,2 милиони барели дневно.

Related Posts

20 минути зад затворени врати: Лавров и германскиот министер се сретнаа во Њујорк

26.09.2026

Трамп забранува извоз на дизел? – Европа стравува од тешка зима

26.09.2026

Трамп го одби предлогот на Иран за седумдневно примирје

26.09.2026

Ле Пен со план за забрана на хиџабот во Франција: Предвидени и казни

26.09.2026

Состанок што ќе го следи целиот свет: Путин, Трамп и Кси во Кина во ноември?

25.09.2026

Путин: Бевме подготвени да ги продолжиме преговорите, но нападот врз Москва ја промени ситуацијата

25.09.2026

Препорачани Вести

Скопјанец го нападнал татко си и му го запалил автомобилот 

7 месеци ago

Божиновска: Македонија има што да понуди во креирањето на енергетската иднина на Европа

3 недели ago

Популарни Вести

  • Македонското знаме се развиори во срцето на Њујорк по повод 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 20 минути зад затворени врати: Лавров и германскиот министер се сретнаа во Њујорк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп, сакаме иднината да ја градат тука

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција во СДСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 6 места во Македонија што мора да ги посетите барем еднаш

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.