сабота, јули 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Скандал во Албанија: Фиктивни вработувања во полиција : стотици земале плата без да работат

by Redakcija
17.03.2026
in Балкан

Сериозен скандал ја потресе Министерството за внатрешни работи на Албанија, откако беше откриено дека најмалку 520 лица се воделе како вработени и примале плата, без со години да се појават на своите работни места.

Според информации од албанските медиуми, дел од овие лица живеат во странство, додека други се ангажирани во приватни бизниси или други активности, и покрај тоа што формално се дел од државната полиција.

Случајот излезе на виделина откако вршителот на должноста директор на полицијата, Сокол Бижга, го суспендирал Улијан Шпатараку, кој примал плата, а не доаѓал на работа. Како оправдување, Шпатараку навел дека бил на магистерски студии, иако таквите обврски не се пречка за редовно извршување на работните задачи.

Медиумите наведуваат дека фиктивните вработени со години биле „присутни“ само преку банкоматите, од каде ги подигнувале своите плати. Овој проблем, според извештаите, бил познат за раководните структури, но со години не биле преземени мерки за негово решавање.

Дополнително, се посочува дека во изминатите 13 години ниту еден министер или директор не иницирал истрага или одговорност за ваквата состојба, што отвора сериозни прашања за контролата и функционирањето на институциите.

Според правилата на Државна полиција на Албанија, секој вработен е должен редовно да се евидентира за присуство или однапред да пријави службени активности надвор од институцијата, што во овој случај очигледно не било почитувано.

Скандалот предизвика силни реакции во јавноста и отвори дебата за одговорноста на институциите и потребата од темелни реформи во безбедносниот сектор во Албанија.

…

Related Posts

(ВИДЕО) Драма во Грција: Воен Ф-16 принудно слета на Закинтос и се запали

(ВИДЕО) Драма во Грција: Воен Ф-16 принудно слета на Закинтос и се запали

09.07.2026

Македонците во Албанија соочени со предизвици: борба за јазикот, идентитетот и иднината 

09.07.2026

Хорор на плажа во Грција: Опасна „риба-зајак“ нападна жена и ја гризна за вратот

08.07.2026

ЈА КАСНАЛА ЗА ВРАТОТ: Шокантно сведоштво на жена касната од риба – зајак во Грција

08.07.2026

Страшна автобуска несреќа во Турција: Возачот изгубил контрола, десетици повредени

07.07.2026
Нови детали за ужасот во Бугарија: 15 сведоци го опишуваат моментот на трагедијата

Бугарија под бран на лажни дојави за бомби – евакуирани судови и проверени десетици институции

07.07.2026

Препорачани Вести

Коњановски: Се гради нов пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во Барешани

4 месеци ago
Лина Ѓорческа напредува за 12 позиции на ВТА-листата по ИТФ турнирот во Порто

Лина Ѓорческа напредува за 12 позиции на ВТА-листата по ИТФ турнирот во Порто

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВЛЕН: ДУИ е во паника и се моли да нема избори во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси на пет локации во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на кружниот тек кај „Илинденска“ во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турското крајбрежје ги нуди едни од најдобрите искуства за време на летните горештини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.