среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

by Redakcija
18.03.2026
in Економија

Binance го проширува моделот на континуирано, непрекинато тргување — модел што е карактеристичен за крипто-пазарите — и во светот на традиционалните финансии, овозможувајќи им на корисниците да тргуваат со перпетуални договори поврзани со традиционални финансиски инструменти во секое време, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, на една единствена платформа. Овој развој претставува чекор кон поврзување на инфраструктурата на дигиталните средства со конвенционалните финансиски пазари. 

За разлика од традиционалните финансиски пазари, кои се затвораат по редовното работно време и не работат за време на викендите, крипто-пазарите функционираат непрекинато. Binance сега ја применува оваа 24/7 структура и на традиционални финансиски инструменти, како што се суровини и акции, преку перпетуални фјучерс-договори порамнети во USDT, со што на трговците им овозможува непрекинат пристап до пазарот, конкурентни надоместоци и без потреба од пренесување на позициите во нов договор. 

Еден од најголемите предизвици при овозможување континуирано тргување со традиционални средства е одредувањето на цената во периоди кога основните пазари се затворени. Binance го решава ова преку употреба на динамична рамка за формирање цени. За време на редовното пазарно работно време, Price Index се ажурира секоја секунда врз основа на пазарни податоци во живо, додека Mark Price пресметува средишна вредност врз основа на клучни ценовни индикатори. Надвор од тие часови, Price Index ја задржува својата последна вредност, додека Mark Price се потпира на измазнета пресметка базирана на фјучерси, користејќи експоненцијално пондериран подвижен просек, со цел да се намалат наглите ценовни осцилации. Овој систем помага во одржување на ценовна стабилност и поддржува континуирано тргување дури и кога традиционалните пазари се офлајн. 

Раните податоци за користење укажуваат на силна побарувачка за овој производ. Од лансирањето, перпетуалните фјучерси на Binance поврзани со традиционални финансии генерирале повеќе од 153 милијарди долари кумулативен обем на тргување и над 114 милиони трансакции. Достапните средства вклучуваат благородни метали како што се злато, сребро, бакар, паладиум и платина, покрај благородните метали вклучени се и акции на големи компании како Amazon, Tesla, Intel и MicroStrategy. 

Дополнителните пазарни податоци сугерираат дека Binance моментално има водечка позиција во овој новонастанат сегмент. Според состојбата од март 2026 година, обемот на тргување со перпетуални договори за злато и сребро на Binance е значително поголем од оној на конкурентските крипто платформи. Големиот број на трансакции укажува дека трговците не ги користат овие пазари само за шпекулација, туку и за заштита од ризик и управување со портфолио. 

Со поврзување на фрагментираните глобални пазари во една средина за континуирано тргување, Binance има цел финансиските пазари да ги направи подостапни и поефикасни. Долгорочната цел на платформата е да изгради мост помеѓу традиционалните финансии и дигиталните средства, и на крај да создаде единствен пазарен екосистем во кој инвеститорите ќе можат да тргуваат со широк спектар инструменти — во кое било време. 

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

18.11.2026

Макстил ја подобри заработката во третиот квартал, но деветмесечната добивка остана пониска за 27,8%

18.11.2026

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

17.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Божиновска: Во Варшава ќе ги претставиме приоритетите за енергетска безбедност на Македонија

18.11.2026

Силен пад на еврото во однос на доларот: Европската валута на најниско ниво од март 2025 година

17.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Пренџов: Ако опозицијата е убедена во интерпелацијата, зошто нејзините првенци не учествуваат во дебатата?

3 недели ago
Западен Балкан со заедничка иницијатива бара измени во CBAM за извоз на електрична енергија

Без струја делови од Скопје

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај за рампите на патарините во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.