понеделник, октомври 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Пренџов: Ако опозицијата е убедена во интерпелацијата, зошто нејзините првенци не учествуваат во дебатата?

by Redakcija
26.10.2026
in Економија

Пратеникот Љупчо Пренџов ја доведе во прашање убедливоста на интерпелацијата за министерката Сања Божиновска, посочувајќи на малиот број пријавени говорници и на неучеството на водечките претставници на опозицијата во расправата.

Обраќајќи му се на пратеникот Бочварски, Пренџов нагласи дека опозицијата има демократско право да поставува прашања и да бара одговорност од владините функционери. Според него, таквите дебати треба да бидат почести за јавноста да има целосна слика за работата на институциите.

Сепак, тој оцени дека сериозноста на една интерпелација се покажува и преку ангажманот на оние што ја поднесуваат.

Пренџов посочи дека за збор не бил пријавен координаторот на пратеничката група на СДСМ, а дека во дебатата не учествуваат ниту пратениците од првиот ред на партијата. Според него, доколку опозицијата е убедена во аргументите, во расправата би се вклучиле значително повеќе пратеници.

Тој оцени и дека изнесените обвинувања не ја утврдуваат конкретната одговорност на Министерството за енергетика.

Осврнувајќи се на цената на електричната енергија, Пренџов тврдеше дека во актуелниот владин мандат нема поскапување, додека во период од две години од претходната власт таа била зголемена за 42,7 проценти.

На крајот побара идните интерпелации да содржат посуштински аргументи и конкретни прашања за работата на функционерите.

„Следен пат кога ќе имате интерпелација таа да биде онака, како што вели народот, со месо“, порача Пренџов.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Ќе поскапат ли кинеските производи? Што би донеле новите мерки на ЕУ за купувачите

26.10.2026

Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,26 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

26.10.2026

Регулаторна со нов ценовник – Бензините поевтинуваат

26.10.2026

21 милион евра за недвижности во Грција: Каде Македонците купуваат станови?

26.10.2026

Растат платите, расте и К-15: Еве колку изнесува според најновата основица

26.10.2026

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

25.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Свечена промоција на Швајцарската комора на Македонија денес

Свечена промоција на Швајцарската комора на Македонија денес

7 месеци ago
Првото азиско издание на „Евровизија“: 10 земји учеснички потврдени, стартува во ноември на Тајланд

Наместо Евровизија, телевизиите во Словенија емитуваат филмови за Палестина

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Пренџов: Ако опозицијата е убедена во интерпелацијата, зошто нејзините првенци не учествуваат во дебатата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Станковиќ: Рударството да се развива со највисоки еколошки стандарди и поголема корист за државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државна Лотарија ја претстави четвртата серија на популарниот инстант лоз „Хороскоп“ – грепка што веќе освои илјадници љубители на среќата и забавата.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Си-ен-ен: Американските сили подготвени за нови напади врз Иран, се чека одлуката на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лична карта и возачка дозвола на мобилен: Од четврток почнува примената на е-паричникот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.