вторник, јули 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Засадени 6.000 садници даб на Маркови Кули

by Redakcija
21.03.2026
in Република

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец.

Акцијата, која се реализираше по повод одбележувањето на Денот на пролетта, е финансирана од Бирото за регионален развој, а во неа учествуваа претставници на локалната самоуправа, јавните претпријатија, институции, ученици, како и голем број граѓани и волонтери.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека изборот на садниците е направен согласно стручните насоки со цел зачувување на автентичниот изглед на заштитеното подрачје.

„Ова е начинот на кој треба да се одбележува Денот на пролетта. Верувам дека ваквите акции ќе станат се почести и ќе придонесат за подобра животна средина“, нагласи Проданоски.

Заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, ја поздрави иницијативата, посочувајќи дека е особено значајно што во акцијата се вклучиле и најмладите.

Проектниот координатор Гоце Бојкоски упати апел до граѓаните да продолжат со организирање слични еколошки активности, при што Општината и ЈКП „Комуналец“ ќе обезбедат логистичка поддршка.

Како дел од проектот, Општина Прилеп обезбеди и нова опрема за пошумување, меѓу која трактор, 25 дупчалки за садење и дополнителен алат, кој во иднина ќе им биде достапен на сите заинтересирани граѓани.

Со оваа акција, локалната власт испраќа порака за заедничка грижа за природата и поттикнување на одржлив развој на животната средина.

Related Posts

Општина Брвеница избра в.д. Градоначалник

14.07.2026

Почина д-р Васко Мицевски – ВМРО-ДПМНЕ Ресен се прости од поранешниот пратеник и истакнат лекар

14.07.2026

Дел од Тетово и голем дел од Тетовско утре ќе бидат без струја

13.07.2026

Проданоски: Екипите на „Водовод и канализација“ се на терен, се работи на санација на дефектот на главната водоводна линија

13.07.2026

Општина Тетово со известување за Градскиот базен

13.07.2026

Дојран нуди прекрасни плажи и летување за помалку од 200 евра

13.07.2026

Препорачани Вести

АХВ уништи над еден тон небезбедна „здрава храна“, казни во висина од над 20 илјади евра

5 месеци ago

Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025 во Македонија, уште пред да одбележи една година присуство на пазарот

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Брвеница избра в.д. Градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатална несреќа во атарот на Горно Мелничани – загина 28-годишник од тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обезбедени средства за два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бизнисмени заработија кривични пријави – Финансиската полиција со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична за поранешен директор – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.