четврток, јуни 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

ВИДЕО: Седум украдени кутриња пешачеле 17 километри за да се вратат дома

by Redakcija
24.03.2026
in Магазин

Седум кучиња во Кина станаа вистинска интернет сензација откако успеале да избегаат од киднапери и сами да го пронајдат патот назад до своите сопственици.

Според светските медиуми, кучињата биле украдени, но успеале да ги надмудрат крадците и да тргнат на долго патување кон својот дом. Групата била предводена од корги, кој постојано се движел на чело и внимавал останатите да го следат.

Целата сцена била снимена од случаен минувач по име Лу, кој ги забележал животните како се движат по автопат во близина на кинескиот град Чангчун. Иако се обидел да ги однесе на безбедно, кучињата останале заедно и продолжиле по својот пат. Видеото подоцна било споделено на социјалните мрежи и брзо станало вирално.

На снимката се гледа како коргито, подоцна идентификувано како Дапанг, постојано се врти назад за да провери дали сите се заедно. Во групата имало и повреден германски овчар, но останатите кучиња чекале заедно за да продолжат понатаму.

Според локални извори, кучињата најверојатно потекнуваат од исто село. По ширењето на видеото, волонтери и организации за заштита на животни користеле дронови за да ги следат и да им помогнат безбедно да се вратат дома.

Се претпоставува дека кучињата избегале од возило за време на транспорт, а во моментот кога биле забележани, веќе биле оддалечени околу 17 километри од своето село.

Среќниот крај пристигнал неколку дена подоцна. Три од кучињата, меѓу кои и Дапанг, се вратиле кај својата сопственичка, која четири дена безуспешно ги барала. Подоцна, со пребарување на околните села, биле пронајдени и останатите кучиња.

Приказната предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а дел од корисниците коментираа дека оваа неверојатна кучешка авантура лесно може да стане сценарио за филм.

Insolite : 7 chiens volés à leurs propriétaires sont devenus des stars après s'être échappés d'un camion de transport illégal et avoir réussi à rentrer chez eux. Ils ont parcouru 17 km ensemble, guidés par un corgi 🐶 🐕 ❤️🥺pic.twitter.com/f2CrjAwijR

— LesNews (@LesNews) March 23, 2026

…

Related Posts

Сите ја гледаат бојата и тука грешат: Вака за 10 секунди ќе ја изберете најсочната и најслатката лубеница

24.06.2026

Мистериозен „изгубен град“ на дното на Атлантикот би можел да ја открие тајната за потеклото на животот

24.06.2026
horoskop

Финансии, љубов и кариера: Дневен хороскоп за сите знаци

24.06.2026

Дали сте омилена мета на комарците? Науката го има одговорот

23.06.2026

Изведувачите со повик до публиката: Охрид се подготвува за три фестивалски вечери на Кеј Македонија

23.06.2026

Што задолжително да понесете за децата на летен одмор? Совети од педијатар за безгрижно патување

22.06.2026

Препорачани Вести

Војската во Буркина Фасо ги забрани сите партии и го национализира нивниот имот

5 месеци ago
Иран ја прикажува својата „подземна флота“ беспилотни летала и ракети во ново видео

Нема примирје, порача Техеран по изјавите на Трамп

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Тони не бара чудо, бара шанса: Потребна е итна поддршка за операција на мозок закажана за 29-ти овој месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прогласени денови на жалост во Општина Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Промени за евтината струја – Што ќе значи за сметките на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадиноски: Започна изградбата на нова пешачка патека во Жилче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес и апсење во Кавадарци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.