Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина…
Од повеќе причини празниците Лазарево воскресение, односно Лазарева сабота и Влегувањето на Исус во Ерусалим односно Цветници се празнуваат заедно односно тесно се поврзани меѓу себе и тешко е да се толкуваат одделно. Тие претставуваат посебни Господови празници но и во народното празнување и во црковното толкување се третираат заедно.
Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица и се празнува во спомен на Лазаревото воскресение.
Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуваат напредок на семејството, здравје и среќен живот на поединецот. Особено со многу лирски чувства се исполнети песните за малите деца како што е и оваа песна од зборникот на браќата Миладиновци: Малечкоо убоо, о Лазаре! На диван ми седеше, со јаболко играше; мајка ле му викаше: -Малечкоо убоо! Доста седе на диван, доста играш с јаболко, дан’те царот догледат, дан’ти царство поклонит! Уште речта не рече, ми го царот догледа и му царство поклони. Во зборникот на браќата Миладиновци покрај повеќето лазарски песни среќаваме податок и за изведувањето на овој обичај во Струга, во половината на минатиот век. „Рано децата ходат по куќи со шарени стапчиња. Тој ден, а повике в недељата, в Цветници се собираат девојките по махали и направјет една од них невеста. Кого ке сретат на п’т обколисват и пејет секому по возраста му т.е. ако је неженет друга песна, ако је женат друга; ако је жена или девојка друга. Тој дават пари на невестата која му целива р’ка. Со тие пари накупвет нужните јела и се гоштевает и попраштает Лазара со ора и песни“. Кузман Шапкарев, пак, запишал дека на овој ден „младите моми на возраст од 12-13 години, се собираат во дружина од по 5-6 девојчиња и по едно момче, одат од куќа во куќа и заедно пеат лазарски песни соодветни со состојбите и условите во секоја куќа. Штотуку влезат во собата лазарките се наредуваат исправени во полукруг или на отворен лак, обрнати со лицето кон огништето или кон домаќините и под раководство и иницијатива на танчерката испеваат една или две песни соодветни на условите во куќата. Кога ги пеат се полулуваат напред и назад со телата. По испевањето бакнуваат рака на домаќините и домаќинките кои ги даруваат со по неколку пари или јајца. Парите ги собира танчарката, а јајцата раководителот на лазарките т.е. момчето со кошничката, кое нарочно го носи со себе. Ова последново и не пее“.
Во Гевгелиско лазарките пееле во групи по четири девојки, тие што на Тодорица во црквата се заколнале дека заедно ќе учат лазарски песни и „ќе пеат Лазар“. Се собирале во една куќа и на тргнување ја запевале песната: Еј Лазаре, Лазаре, море младо војниче! Чиј са вија дворуве, с бел босиљук митени, с црвен стратор ринани?
Низ цела Македонија одејќи по куќите лазарките пееле песни за сите членови од семејството започнувајќи од најстариот. Нему му се пеело за синовите, снаите, внуците, за богатство и убави абери. На машките деца им се пеело за учење во манастир: „он го пратил за три години/ од се научил за три месеци“, на девојчињата им се пеело да се омажат за царевиот син, на ергените за грабење девојка, за женидба и убав живот. На девојка за мажење и се нагласувала нејзината работливост, се пеело за нејзините дарови, за свекорот и свекрвата, за деверите, золвите и јатрвите. Особено топли чувства се испеани во песните за невестите без деца. На мајките со мали деца, пак, им се пее за децата и тие се споредуваат со Сонцето: Угреале две сонца, е Лазаре, у мајкини пазу’и, е Лазаре, у таткои скутои, е Лазаре. Не ми беа две сонца, е Лазаре, тук ми беа два сина, е Лазаре, мајка им и галеше, е Лазаре.
Лазарките секаде биле пречекувани со задоволство. Не пееле само во куќите во коишто имало скоро умрен. Во таа смисла Миленко С. Филиповиќ забележал дека во Скопско „не се дозволува да играт лазарки, ни мајмун, ни мечка пред куќата во која некој умрел.“
Евтим Спространов забележал дека во Охрид Лазара се празнувало Цветници, а во Струга во саботата. На Цветници пак, како и на Благовец раздавале цвеќиња, особено зеленика и дафино, кои се чувале пред иконата како свети нешата.
Во петроградското списание „Живаја старина“ во 1889 година објавени се повеќе обичаи и песни од Галичник запишани од Панајот Ѓиноски меѓу кои и такви што се изведувале на Цветници. „Цветници ја наречуваме Цветоносна недела, т.е. неделата што е пред Велигден. Утрината рано помладите невести ќе се променат во нова промена до тога необлечена, ќе си клает нов сокај и преврзок на глава или на чело и дарпна врзана и заедно со сфекрвите си, ќа си поет в цркоф на причесна. Напред требит да се причестит дете 3-5 годишно, пак по него невестата. Ако немат свое дете куќно ќе земет од некоја роднина, а без дете не се причестуват невестата, така гледает. В црков раздавает цвеќа (над кое пејана молитва) на сите, зато се таја недеља наречуват цветна.“ И во Скопско на Цветници се одело во црква од каде секој земал китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден. Во селата на Скопска Црна Гора тој ден се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ракија и слично.
Во гостиварското село Вруток на празникот Цветници се одело на цвеќе. „Напред по цвеќе одевме на Цветници во местото што се викат Бука. Таму беревме каќунки, петопрс, здравец и други цветќа. После се враќавме назад и се допиравме ке чешмата на Ласко-Равен. Туе ќе си ручавме посно јадење: риба, маслинки и друго. Нестите и дејките ќе го китеа зравецот и другото цвеќе. После ќе пеевме, оро ќе тргаа нестите и ќе си пеа, а мие машките-ергените и младоженците гледавме како играат. И мие машките игравме само ко имаше т’пан.“
Во Струга Лазара се славело три дена и тоа: петокот, кога се навестувал празникот, саботата – „Дај ми пара Лазаре“ и неделата – Цветници или „Вијур, вијур Гајдано.“ Празникот се најавувал на тој начин што во петокот малите деца до седум-осум години, носејќи шарени стапчиња (со три бои) оделе кај роднините. Во саботата на Лазарева сабота, девојките во групи од три до пет во групата, облечени во народна носија како невести и со венчиња на главата излегувале на улица на минувачите им го попречувале патот и им пееле соодветни песни. Неделата пред Велигден освен Цветници се вика и „Вијур, вијур Гајдано“. Тогаш машки деца на возраст од околу десетина години облечени во стара облека, маскирани, со кожи префрлени преку нив, со ѕвонци и други реквизити одат во посета на куќите. Притоа групата поред секоја куќа пеела: Вијур, вијур Гајтано, кој те тебе развива, на вечерина на вода. Гајтанот ти ѕунеше, како на маска опашка. Леле леле Лазаре, кога дојде помина, со устата пеевме, со чевлите тропавме, со раце се држевме, Да е жив стопанот, да е жива стопанката.
Потоа се благословувало со овие благослови: За (име на машко) една невеста. За (име на девојка) еден зет. Амин. За многу години, здрави и живи, порадосни и повесели. Момчињата од групата носеле, торби, дисаѓи или кошници во кои ги собирале даровите. Потоа си ги делеле. Ова се сметало за специфичен струшки маскенбал.
Интересен обичај што се изведувал на овој ден е обичајот Кошкање на децата. Во минатото на овој обичај му се посветувало големо внимание. Ги кошкале сите деца што биле родени меѓу двете Лазареви саботи, што значи деца до една година. Ги кошкале дури и децата што имале по неколку дена. За овој обичај секоја мајка месела погача наутлија. Откако ќе ги испееле сите лазарски песни лазарките застанувале во збиен круг, мајката им го давала бебето, тие го прифаќале и со кревање горе-долу неколку пати си го подавале една на друга, го кошкале така до три пати и за тоа време пееле: Имаш мајка, имаш татко, гајтане мој, гајтане мој, од капата една пара, гајтане мој, гајтане мој. Ем с’с мајка, ем с’с татко гајтане мој, гајтане мој.
Откако ќе ја испееле песната три пати, едно од девојчињата „со мајка и со татко“ (што значи да не е сираче) застанувало насреде во кругот, а една постара жена обично свекрвата ја земала погачата, ја раскршувала над главата на детето и едната половина им ја давала на лазарките, а другата половина ја земала мајката и ја раздавала на роднини и пријатели за здравје на детето. Колку и да се врзани со настаните со Христово влегување во Ерусалим обичаите и песните поврзани со празниците Лазарева сабота и Цветници се поврзани и со пролетта, со појавата на цвеќето, а посебно лазарските песни содржат пред сè семејни мотиви желби за напредок на поединецот и семејството.
Тропар Лaзарева Сабота (Свети Лазар) Христе Боже, за да не увериш во општото воскресение, пред Твоите страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на победата Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово! Шијат, шијат терзии, е Лазаре, на високи дивани, е Лазаре, игли им се кршеа, е Лазаре, во море и фрлаа, е Лазаре, мостои се праеја, е Лазаре, да минат лазарките, е Лазаре, шчо сет морни, уморни, е Лазаре, везден дена шетале, е Лазаре, везден оро играле, е Лазаре, играло се Лазаре, пејало се, дур до века Лазаре до амина.
БУГАРИЈА ЗАРАДИ МАКЕДОНИЈА ЈА БЛОКИРАШЕ И СРБИЈА? „Да ме праша Господ што сме им згрешиле на Бугарите, нема да знам да ви одговорам“ – блокирано отварањето на кластерот 3 за Белград
Српскиот медиум Блиц.рс, направи анализа за можните причини поради кои Софија го блокираше отворањето на кластерот 3 за Србија.
Анализата ја пренесуваме во целост.
-Србија завчера сепак не доби зелено светло за отворање на Кластерот 3, иако тоа беше препорака на Европската комисија (ЕК). Осум членки на Европската унија (ЕУ) се спротивставија, меѓу кои и едно кукавичко јајце – Бугарија. Ова беше изненадување, а се поставува прашањето зошто Софија ја стави рампата во Белград? Аналитичарите велат дека вака го плаќаме негувањето на добри односи со Скопје, со кое Бугарија е во кавга, но и незадоволна од положбата на својот народ во Србија.
Игор Новаковиќ од Центарот за меѓународни и безбедносни прашања како можна причина за „црвеното светло“ го наведува следново.
– Тоа секако е поради односите меѓу Србија и Северна Македонија, кои се во пораст во последните седум години. Односно Србија цврсто ја поддржува Северна Македонија во македонско-бугарскиот спор. Можно е да има некои барања и за прашањата на бугарското малцинство, но во најголем дел тоа веќе не е голем предизвик – вели Новаковиќ.
Точно, сè уште не се исцрпени сите шанси за отворање на кластерот, бидејќи меѓувладината конференција за отворање на кластерот, доколку ја има, треба да се одржи во неделата меѓу 16 и 20 декември. За ова зборуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој најави дека Унгарија за следната недела ќе закаже разговори на оваа тема во ЕУ.
„ За тоа нема сомнеж. Имаше осум земји, Шведска, Финска и Холандија и секако Хрватска и Бугарија. Да не праша Господ што сме им згрешиле на Бугарите, не би знаел како да објаснам, но се разбирам за Хрватите. Важна вест е што разговараме со сите. Германија е апсолутно за отворање на кластерот 3. Присутни беа и Франција и Италија и благодарност за поддршката и Германија им се придружи. Заблагодарете им се ако отворат, но и заблагодарете им ако не отворат. Ќе се стремиме следната година да бидеме најголемата растечка економија во Европа – рече Вучиќ.
Ако погледнеме наназад, Бугарија три пати беше меѓу земјите што ја блокираа Србија, во:
Во јуни 2021 година, ги блокираше кластерите 3 и 4
Блокирано поглавје 2 во декември 2020 година
Блокирано поглавје 26 во јануари 2017 година
Овде голема улога игра фактот што не треба да се занемари блокадата на Бугарија, имајќи предвид дека пред три години токму оваа земја стави вето на процесот за приклучување на Северна Македонија во ЕУ, обвинувајќи ја владата во Скопје за омраза. говор против Бугарите.
Почетокот на ваквиот потег на почетокот на јуни годинава го најави бугарскиот претседател Румен Радев, кога се закани дека неговата земја можеби ќе ја преиспита поддршката за Србија за Европската унија поради тоа како Белград се однесува кон бугарското малцинство во земјата. .
– Главниот критериум според кој ќе го судиме и поддржуваме напредокот на земјите од Западен Балкан е токму положбата на нашите сонародници во секоја земја: условите за економски и социјален развој и пред се нивната способност да го бранат својот национален идентитет. , јазик, култура и историска меморија – објасни тогаш Радев.
„Претседателот на Бугарија соработува со двочлена невладина организација која го дезинформира“
Што е проблемот во положбата на бугарското малцинство во Србија?
Милош Павковиќ, од Центарот за европски политики, за „Блиц“ вели дека се слушнале поплаки за економската состојба.
– Забелешките, како што се слушна, се однесуваат на малцинствата кои живеат во пограничната област на Србија кон Бугарија, а Софија постојано се жалеше на нивната економска состојба. Имајќи го предвид искуството на Бугарија во блокирањето на Северна Македонија, оваа блокада не е изненадување. Но не би го споредувал со Скопје бидејќи ми се чини дека овој проблем полесно се решава. Можно е да се најде решение – вели Павковиќ.
„Блиц“ на ова прашање побара одговор и од Националниот совет на бугарското национално малцинство. Стефан Стојков, претседателот на Советот за „Блиц“ вели дека неговите се презадоволни од односот што Србија го има кон нив.
– Не разбирам зошто Бугарија гласаше против. Никој не ме контактирал и не ме прашал како си, претседателот на Бугарија соработува со некои невладини организации кои имаат два члена и го дезинформираат. Националниот совет има ингеренции во четири области: образование, информирање, култура и употреба на службен јазик, задоволни сме од соработката во сите области. Мислам дека суштината на се е економијата и развојот на целиот југ, вклучително и општините Босилеград, Димитровград и Бабушница. Треба да се најде и начин наши претставници да се вработат во безбедносните служби – вели Стојков.
Тој додава дека „со политиката што ја води Владата на Србија во последните десет години, како и со добрососедската политика, Бугарите во Србија се чувствуваат уште посигурни, слободни и почитувани“.
Според последниот попис, во Србија живеат 12.918 граѓани кои се изјаснуваат како Бугари. Според пописот најмногу Бугари има во:
Босилеград 4.075
Димитровград 3.669
Белград во 899 г
Ниш 774
1.123 до цела ВојводинаСрбија ги започна преговорите за членство во ЕУ во јануари 2014 година. Од вкупно 35 поглавја, досега се отворени 22 од вкупно 33, поделени во шест кластери, а две се привремено затворени. Последен пат Србија отвори поглавје во декември 2021 година, имено кластерот 4, кој вклучува четири преговарачки поглавја од областа на зелената агенда и одржливото поврзување.
За неполни четири дена најмалку 11 средношколци завршиле со повреди и скршеници по телото само во болницата Наум Охридски, по тик-ток трендот „супермен“. Станува збор за опасен предизвик меѓу средношколците, но и поголемите основци што се повеќе го има во училиштата.
Во скопско Зелениково во близина на основното училиште татко пријавил во полиција дека неговиот син се здобил со тешка повреда предизвикана од супермен предизвикот.
Предизвикот е еден да скокне со испружена рака како стрип ликот супермен и групата го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Скока врз група на деца кои или ќе го фатат или не. Ова видео е направено во едно од средните училишта во Скопје.
Исто така и во дел и од основните училишта од осмо и деветто одделние го прифаќаат овој предизвик. Од видеата најчесто се гледа дека групата се трга настрана и детето паѓа директно на бетонот. Директорот на болницата „Наум Охридски“ Небојаша Настов објаснува дека децата имаат најразлични повреди..
Докторите велат дека ваквите предизвици се многу опасни. Повредите може да бидат со многу потешки последици по здравјето на децата.
Предизвикот „Супермен“ е раширен низ сите земји. А дел од медиумите објавуваат и за тешки скршеници кај децата. Во дел од соседните земји реагираат и од Управа за аудиовизуелни медиуми до родителите и тинејџерите да не наседнуваат на опасниот тренд.