Бугарија привремено ги укинува дел од санкциите кон Русија заради безбедноста на нуклеаркната централа „Козлодуј“. Бугарската влада денеска одлучи дека централата ќе може да увезува неопходни резервни делови и да добива техничка помош од руски изведувачи, но само во рамките на строго утврдени договори, пренесе бугарското национално радио.
Причината за ваквиот чекор е одржувањето на највисоките стандарди на техничка и нуклеарна безбедност. Повеќето системи и опрема на блоковите 5 и 6 се од руско производство, па без нивните специјализирани компоненти функционирањето на централата е неизвесно.
„Козлодуј“ е единствената нуклеарна централа во Бугарија и најголем производител на електрична енергија во земјата, снабдувајќи повеќе од една третина од вкупното годишно производство на струја. Одлуката за привремено ослободување од санкциите следи по проблемите со замената на руските мембрани со домашни, кои предизвикаа сериозни прекини на блокот 6 и финансиски загуби од десетици милиони евра.












