вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Брановите исфрлија речиси 700.000 евра на плажа: Капачи втрчуваа во морето да собираат банкноти

by Redakcija
04.08.2026
in Магазин

Необична сцена како од филм се одигра на плажа во местото Казуце, западно од Марина ди Рагуза на Сицилија, кога брановите почнале да исфрлаат вреќи полни со готовина. Капачите во неверување втрчувале во морето обидувајќи се да ги дофатат банкнотите, додека полицијата и крајбрежната стража брзо интервенирале и го обезбедиле подрачјето.

Според италијанските власти, инцидентот се случил на 28 јули, откако глисер долг околу 5,5 метри останал без гориво недалеку од брегот. Екипажот побарал помош, но при пристигнувањето на крајбрежната стража, лицата на пловилото наводно почнале да фрлаат вреќи со готовина во морето.

Морските струи ги однеле вреќите до брегот, каде што ги забележале бројни капачи. За неколку моменти плажата се претворила во хаос, а очевидци ги снимиле необичните сцени.

Полицијата и крајбрежната стража успеале да соберат речиси целата готовина, вклучително и делот што веќе бил изваден од капачите. Според првичните проценки, станува збор за сума од речиси 700.000 евра.

На глисерот, според информациите на истражителите, се наоѓале тројца полнолетни државјани на Малта и едно 13-годишно дете. Сите биле приведени на распит, а потоа пуштени да се бранат од слобода со мерки на претпазливост. Засега не е поднесено официјално обвинение.

Истрагата треба да утврди од каде потекнува големата сума пари и зошто била превезувана по оваа рута. Меѓу можните сценарија што ги разгледуваат истражителите се перење пари, криумчарење готовина, фалсификување банкноти или поврзаност со трговија со дрога, но италијанските власти нагласуваат дека во оваа фаза ниту една верзија не е потврдена.

Во меѓувреме, италијански истражувачки новинар објави тврдења за можниот сопственик на глисерот и негови наводни врски, но полицијата сè уште официјално не го потврдила идентитетот на сопственикот, ниту пак утврдила поврзаност на случајот со организиран криминал.

Истрагата продолжува.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

АУДИ вложи милијарди евра во фабрика во Кина, а сега ја нарекуваат „фабрика на духови“ – загубите се огромни

24.11.2026

Николина Пишек: Сопругот ме тепаше, а полицаецот гледаше

24.11.2026

25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

24.11.2026

Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

24.11.2026

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари

24.11.2026

Необјаснет трошок за Девиците, шанса за дополнителна заработка за Близнаците: Хороскоп за 24 ноември

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Војната со Иран ја зголемува цената на нафтата за над 40 проценти

8 месеци ago

Лажен доктор од Охрид измамил осум лица за 56.000 евра: Осуден на 5 и пол години затвор

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Голем дел од Тетово вечерва без струја: Граѓаните оставени без греење, меѓу нив и семејства со мали деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.