вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

by Redakcija
24.11.2026
in Магазин, Топ Вести

Пијанистката доц. д-р Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва, 24 ноември 2026 година, во 20 часот, во Музејот на македонската борба и самостојност во Скопје ќе одржи јубилеен солистички концерт. Концертот е посветен на 25 години концертна дејност – уметнички пат исполнет со солистички и камерни настапи, меѓународни соработки и посветеност на македонското музичко творештво.

Јубилејот е повод за средба со публиката и за споделување на музиката што ја обележува нејзината изведувачка дејност. Како гостинка на концертот во изведба на четирирачно пијано ќе настапи и пијанистката Викторија Митеска-Малезан.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Огненка Герасимовска-Димитровска е македонска концертна пијанистка, педагог и истражувачка во областа на музичката интерпретација. Дипломските и магистерските студии по пијано ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов, со највисок просек и признание cum laude. Докторира во областа на музичките уметности под менторство на проф. д-р Томе Манчев и проф. Волфганг Манц од Нирнберг.

Нејзината концертна дејност опфаќа бројни настапи во земјата и во странство, меѓу кои во Лондон, Рим, Виена, Истанбул, Леон, Хаг, Утрехт, Нирнберг и Белград. Настапувала на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Интерфест Битола“, „Есенски музички свечености“ и „Денови на македонската музика“. Како солистка соработувала со Македонската филхармонија и со Истанбулскиот камерен оркестар, а камерната музика зазема значајно место во нејзиниот репертоар и уметничките соработки.

Добитничка е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои прва награда на натпреварот „Николај Рубинштајн“ во Париз, лауреатско признание на натпреварот на ЕПТА во Осиек и трета награда на натпреварот „Карл Дрексл“ во Нирнберг. Прогласена е и за најдобар дипломиран студент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Покрај концертната дејност, активно се занимава со педагошка и научноистражувачка работа. По долгогодишниот ангажман во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и на Факултетот за музичка уметност во Скопје, денес работи како доцент на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Авторка е на монографијата „Академик Властимир Николовски и неговиот концерт за пијано и оркестар“ и на научни трудови посветени на музичката интерпретација, педагогијата и македонското музичко наследство.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

24.11.2026

По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка

24.11.2026

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари

24.11.2026

ЗК Пелагонија: групата со 10,3% помала продажба и 2,6 милиони денари добивка за девет месеци

24.11.2026

Необјаснет трошок за Девиците, шанса за дополнителна заработка за Близнаците: Хороскоп за 24 ноември

24.11.2026

Дали јаболкото е подобро да се јаде наутро или навечер? Еве што велат експертите

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

153 македонски државјани ќе бидат евакуирани од Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија

СРАМНА ПОНУДА ОД РАЈАНЕР: Му експлодираше прозорец на 6.000 метри и за малку ќе излеташе од авион, му понудија само нов билет

4 месеци ago

Фатен на дело: Велешанец се обидел да ограби црква

6 месеци ago

Популарни Вести

  • 25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.