четврток, март 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

by Redakcija
26.03.2026
in Магазин

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап до широк избор на филмови, серии и уште повеќе забавна содржина.

FilmBox+ е стриминг сервис со постојано растечка понуда на корејски серии, турски драми, филмови и документарни содржини. Сервисот ја надополнува понудата на телевизиски канали на SPI, меѓу кои се и нивните најпознати брендови, FilmBox и DIZI. Со внимателно избран каталог на содржини, наменет за гледачи кои сакаат веднаш да најдат нешто добро за гледање, наместо бескрајно да пребаруваат, FilmBox+ нуди стотици филмови и серии за секое расположение и сечиј вкус, од акција и комедија, до романса, трилер и авантура. Сите филмови и серии достапни на платформата се прилагодени за македонската публика, со превод или синхронизација на македонски јазик.

Лансирањето на FilmBox+ на македонскиот пазар е дел од поширок договор меѓу SPI International и A1 Group, кој ја опфаќа и дистрибуцијата на телевизиските канали. По Бугарија, Србија и Македонија, во план е услугата да стане достапна и на другите пазари каде што е присутен A1, односно во Словенија и Хрватска, со што дополнително се зацврстува позицијата на FilmBox+ како водечки дигитален производ на SPI International во регионот. FilmBox+ веќе е достапен и преку други оператори на пазари како Полска, Унгарија и Романија.

„Навистина ни е драго што FilmBox+ го носиме до нашите корисници и што дополнително ја прошируваме нашата понуда за забава со платформа која ги препознава различните вкусови и навики за гледање. Ова партнерство е уште една потврда на нашата посветеност да овозможуваме квалитетно дигитално искуство и постојано да ја збогатуваме понудата на содржини за македонската публика. Целата содржина е достапна на македонски јазик, што овозможува целосно локализирано корисничко искуство“, изјави Методија Мирчев, генерален извршен директор на А1 Македонија.

„Партнерството со А1 Македонија е важен чекор во доближувањето на FilmBox+ до уште поголем број гледачи во регионот. Ни претставува особено задоволство што на македонската публика можеме да ѝ понудиме богат избор на содржини кои се лесно достапни, пријатни за гледање и постојано се надополнуваат“, изјави Ерван Лухерн, извршен директор на SPI International.

FilmBox+ нуди богато и внимателно приспособено гледачко искуство за различни профили на публика, со лесен пристап, едноставна навигација и брзо и ефикасно пребарување на содржини. Сервисот овозможува креирање до пет кориснички профили и истовремено гледање на три уреди, а вклучува и родителска контрола. FilmBox+ е достапен преку www.filmboxplus.com, мобилни апликации и Smart TV уреди.

За A1 Македонија

A1 Македонија е дел од A1 Групација, еден од водечките телекомуникациски провајдери во Европа, кој поставува стандарди во обезбедување напредни мобилни, фиксни и дигитални услуги. Компанијата е посветена на создавање врвно корисничко искуство, водена од иновации, технолошки напредок и одржлив развој. Со супериорна оптичка мрежа и современа мобилна инфраструктура, како и континуирани инвестиции во најнови технологии, A1 Македонија нуди сеопфатно портфолио на услуги, од сигурна и брза конективност, до богати дигитални и забавни содржини, креирани да одговорат на динамичните потреби на модерниот корисник.

Како доверлив партнер на поединци, компании и институции, A1 Македонија активно придонесува за дигиталната трансформација на општеството, овозможувајќи им на луѓето и бизнисите да растат, да се развиваат и да успеваат во дигиталната ера.

Седиштето на A1 Македонија е во Скопје.

www.a1.mk

За SPI International

SPI International е глобална медиумска компанија која управува со телевизиски канали и дигитални производи на шест континенти и има значајна улога во дистрибуцијата и емитувањето содржини ширум светот. Компанијата е присутна во Централна и Источна Европа, Западна Европа, Азија и регионот Адрија, вклучувајќи пазари како Полска, Чешка, Романија, Србија и Холандија.

Во портфолиото на SPI International се вбројуваат препознатливи брендови како FilmBox, Film1, Kino Polska, Stopklatka и DIZI, како и низа тематски канали и стриминг сервиси, меѓу кои е и FilmBox+. Со повеќе од 800 оператори ширум светот, SPI користи напредни технологии за да им овозможи на претплатниците пристап до линеарни и on-demand содржини.

Повеќе од 25 години, SPI International е еден од водечките дистрибутери на филмови за кино прикажување и телевизиска програма на меѓународните пазари, потпирајќи се на силни партнерства со носители на права и обезбедувајќи квалитетна и атрактивна содржина со висока побарувачка.

www.spiintl.com

…

Related Posts

Витамин Д и мозокот: Како дневната доза може да ја подобри меморијата и расположението

Витамин Д и мозокот: Како дневната доза може да ја подобри меморијата и расположението

26.03.2026
Симеон Иванов – Канго: 8 години без легендата на македонскиот рок

Симеон Иванов – Канго: 8 години без легендата на македонскиот рок

26.03.2026
Нови фактори за развој на деменција: Циститис, пневмонија и расипани заби

Нови фактори за развој на деменција: Циститис, пневмонија и расипани заби

26.03.2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО ПОСЕБНА ПОРАКА: Денес не е обичен ден – некој ќе донесе одлука што менува сè

26.03.2026
Најдолгата крајбрежна патека во Англија: 4.300 километри пешачење покрај англискиот брег

Најдолгата крајбрежна патека во Англија: 4.300 километри пешачење покрај англискиот брег

25.03.2026

ХОРОСКОП СО ПОРАКА НА ДЕНОТ: Ова не е обичен ден – ѕвездите имаат нешто важно да ти кажат!

25.03.2026

Препорачани Вести

Општина Битола ангажира 18 невработени лица за јавни работи

2 недели ago
ai

Бура во индустријата за вештачка интелигенција: AI Моделите репродуцираат заштитена содржина со неверојатна точност

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Тетово уапсени пет лица од кои четири се малолетници – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Киев до Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Го убивме командантот одговорен за блокирање на Ормурскиот Теснец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијан и без дозвола усмрти пешак во Марино – Обвинителството бара притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во затворот „Идризово“ – Интервенција на противпожарната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.