сабота, август 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Нов повик од ОКТА: Стипендии за постдипломски студии дома и во странство

by Redakcija
30.03.2026
in Економија

Скопје, 30.03.2026 – Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади професионалци.

Во рамки на Програмата за стипендии на ОКТА АД – Скопје, членка на Групацијата HELLENiQ ENERGY, и оваа година ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии, со максимално времетраење од две години. Едната стипендија е наменета за студии во странство, со можност за аплицирање на универзитети низ Европа, Северна Америка и Австралија, додека втората стипендија се однесува на студии во Република Северна Македонија.

„Во ОКТА, веруваме дека образованието е една од најзначајните инвестиции во иднината која не се однесува само на поединците, туку и на општеството и економијата во целина. Преку нашата програма за стипендии за постдипломски студии, ја поддржуваме следната генерација професионалци, кои преку своето знаење, креативност и посветеност ќе донесат иновации и високи достигнувања во своите области. Оваа иницијатива е доказ за нашата долгорочна заложба за развој на човечкиот потенцијал и за поттикнување на академската извонредност, како и на одржливиот развој на нашата индустрија и општеството“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.

Оваа година, можноста за аплицирање е проширена на кандидати од различен спектар на академски области. Првата е инженерство и енергетика, каде влегуваат трансформација на енергијата, обновливи извори, алтернативни технологии, напредни енергетски материјали за производство и складирање енергија, како и нафтено инженерство. Втората област е дигитална трансформација, која опфаќа програмирање, мрежи и комуникации, анализа на податоци за вештачка интелигенција, сајбер безбедност и интелигентна автоматизација. Секторот за животна средина е третата област, каде се изучуваат климатски промени, екосистеми, одржлив развој, паметни градови и локален развој. И четвртата област е економија и менаџмент, кој содржи енергетска економија, биоекономија и циркуларна економија, енергетски мрежи и енергетска геополитика, управување со енергетски проекти, маркетинг, комуникации и односи со јавноста, правни студии и управување со човечки ресурси. Кандидатите можат да аплицираат само за еден од овие сектори. Дополнително, програмата за стипендирање за оваа година, отвора можност и за покривање на дел од трошоците за живот во согласност со однапред определени критериуми.

Апликациите се поднесуваат исклучиво онлајн, преку платформата: https://scholarships. helleniqenergy.gr/rnm, каде може да се најдат сите информации и критериуми поврзани со Програмата за стипендии за втор циклус на студии. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18 мај 2026 година.

Програмата за стипендии е дел од стратегијата на ОКТА за корпоративна одговорност, во рамки на која поддршката на образованието е еден од клучните приоритети, и се спроведува во согласност со стратегијата на Групацијата за зајакнување на младите и поддршка за постдипломски студии на стипендисти од земјите каде што работи. Во периодот од 2017 до 2025 година компанијата има доделено вкупно 44 стипендии за постдипломски студии, од кои 43 национални и една меѓународна, со што директно придонесува кон развојот на високообразован кадар во земјава и пошироко

…

Related Posts

АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА СКЛАДИРА ЕВТИНАТА СТРУЈА ВО БАТЕРИИ И ДА ЈА ИЗВЕЗУВА КОГА ЦЕНИТЕ СЕ ПОВИСОКИ

29.08.2026

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства

29.08.2026

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

29.08.2026

Азески со амбасадори и бизнисмени во Дебар, испрати честитка по повод Денот на рударите

28.08.2026

БулМак 2016 со честитка по повод Денот на рударите

28.08.2026

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

28.08.2026

Препорачани Вести

СКАНДАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Повеќе од пет години без контроли и инспекции во барот каде загинаа 40 луѓе

8 месеци ago

Тешка сообраќајна несреќа во Тетовско

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Нападнат полицаец во Тетово – МВР интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пробиштип денес е центар на рокот: Почнува 12. „Рудар Рок Фест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците во Албанија – современи предизвици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетанјаху со остро предупредување до Ердоган: „Не ја сакам Турција на југот на Сирија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски најави зголемување на нападите: Украина планира до 1.000 дронови дневно кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.