недела, мај 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Дипломатска нота од Техеран: Бугарија да не дозволи користење на аеродромите за напад на Иран

by Simovski
02.04.2026
in Балкан
Дипломатска нота од Техеран: Бугарија да не дозволи користење на аеродромите за напад на Иран

Иран испрати дипломатско предупредување до Бугарија, членка на НАТО, реагирајќи на присуството на американски авиони на софискиот аеродром „Васил Левски“. Нотата, датирана на 18 март, ја откри пратеникот Станислав Балабанов. Во неа, Техеран предупредува дека го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет и националните интереси, посочувајќи дека американските авиони, всушност, учествуваат во операции насочени против Иран.

Иранските власти категорично не се согласуваат со бугарските објаснувања дека авионотите биле дел од воени вежби. Според нив, 12-те американски летала се користат за дополнување гориво на бомбардерите кои учествуваат во „заедничка американско-ционистичка агресија“ врз Иран.

Бугарскиот заменик-министер за надворешни работи, Марин Рајков, ја потврди автентичноста на нотата, но нагласи дека нема причина за паника. Тој истакна дека ниту еден борбен авион не ја користи Бугарија за воени операции и дека полнење гориво за мисии поврзани со конфликтот не се врши. Авионотите на аеродромот „Васил Левски“ се дел од редовни активности на НАТО за обука и распоредување, додаде Рајков, истакнувајќи дека бугарскиот Парламент не донел никаква одлука за вклучување во конфликтот.

Овој дипломатски сигнал доаѓа во време на забележлив пресврт во европската политика кон САД. Додека конфликтот во Иран влегува во вториот месец, неколку клучни европски држави ги ограничуваат американските воени операции на свој територијален простор: Шпанија го затвори својот воздушен простор за воени авиони, Италија забрани слетување на стратешки бомбардери, Франција одби прелет на авиони со воена опрема за Израел, а Полска го одби барањето за испраќање на системите „Патриот“ на Блискиот Исток.

Related Posts

Хорор во Хрватска: 19-годишен доставувач на храна убиен додека носел нарачка, напаѓачот е во бегство

17.05.2026

Авион со 130 патници излета од писта при полетување

16.05.2026

Нови тензии меѓу Турција и Грција: Советник на Ердоган предупреди дека проширување на грчките води би било „повод за војна“

16.05.2026

Убиство, запалено тело и прикривање траги: МВР со детали за уапсениот шеф на белградската полиција

15.05.2026

Единаесет години „Илинден“-Тирана дел од најголемата малцинска организација во Европа

15.05.2026
Еврокомесарката Марта Кос во прва официјална посета на Приштина

Еврокомесарката Марта Кос во прва официјална посета на Приштина

15.05.2026

Препорачани Вести

Инцидент во Тетовско: Му го блокирале патот и го нападнале

3 месеци ago

Сервер во балтичка земја поврзан со лажните закани за бомби во Хрватска

3 недели ago

Популарни Вести

  • ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ: Се судрија два американски  воени авиони  забележани четири падобрани на небото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 48-часовен притвор за 19-годишникот од Бојане: Таткото пријавил дека му признал за убиството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХАОС ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ: Аларми одекнуваа низ молот, посетителите итно евакуирани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Детали за убиството кај Сарај: Таткото пријавил дека синот му признал, побаран 48-часовен притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под слоганот „Сите нека знаат“: На 20 јуни ќе се одржи Парадата на гордоста во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.