четврток, јули 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп: „Ќе го вратиме Иран во камено доба, таму каде што му е местото.“ Демократите: „Зло, одвратно“

by Redakcija
02.04.2026
in Свет

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за војната против Иран предизвикаа бурни реакции и длабоки политички поделби во САД, јавуваат светските медиуми.

Трамп порача дека Иран ќе биде „вратен во камено доба“, изјава што веднаш беше осудена од дел од демократите. Конгресменката Јасамин Ансари остро реагираше, оценувајќи дека ваквата реторика е „одвратна, застрашувачка и зла“, потенцирајќи дека станува збор за земја со милиони жители.

Критики упати и сенаторот Крис Ван Холен, кој изјави дека претседателот ја доведува јавноста во заблуда и предупреди дека ваквите политики претставуваат опасност не само за САД, туку и за светот.

Од друга страна, републиканците застанаа во одбрана на претседателот. Министерот за одбрана Пит Хегсет ја поддржа пораката на Трамп со кратка објава на социјалните мрежи, додека лидерот на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом Стив Скализ оцени дека аргументите за воената операција се оправдани.

Според него, долгогодишните активности на иранскиот режим биле причина за ваквиот пристап, особено во контекст на спречување на развој на нуклеарно оружје.

Изјавите на Трамп дополнително ја заострија политичката дебата во САД, каде демократите и републиканците остануваат длабоко поделени околу надворешната политика и пристапот кон Иран.

…

Related Posts

Русија го бара овој човек „под дрво и камен“

29.07.2026

Трамп: „Го спасив Израел, без мене земјата денес немаше да постои“

29.07.2026

23-годишник обвинет за подметнување пожари во Франција – му се закануваат до 15 години затвор и казна од 150.000 евра

29.07.2026

Возачките дозволи од Македонија под знак прашалник во Италија

29.07.2026

Драма во метрото во Барселона: Десетици патници повредени откако чад го наполни тунелот

28.07.2026

ВИДЕО: Русија претстави ново оружје за борба против дронови

28.07.2026

Препорачани Вести

Во големата полициска акција – запленети околу 27 тони марихуана?

6 месеци ago

Драматична ноќ во Шуто Оризари: 11 приведени и 2 лица во болница по масовна физичка пресметка

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Битола вложува во училишниот спорт: Нови модерни игралишта за учениците од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евакуирани илјадници туристи во Грција, огнот се шири со помош на силните ветрови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредна состојба во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба Димитриеска-Кочоска – Варнс: Продолжува соработката со САД во финансискиот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица хоспитализирани со западнонилска треска, двајца пациенти се борат за живот на Инфективна клиника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.