сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

ММФ: Повисоките цени се неизбежни

by Redakcija
07.04.2026
in Економија
ММФ: Повисоките цени се неизбежни

Глобалната економија се соочува со нови притисоци откако конфликтот на Блискиот Исток, кој предизвика сериозни нарушувања во снабдувањето со енергија. Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, предупреди дека последиците од војната веќе се чувствуваат во светот и се очекува да ги забават економските перспективи и да ги поттикнат инфлаторните притисоци.

Централната точка на кризата е Ормушкиот Теснец, критичен канал за транспорт на приближно една петтина од глобалната нафта и гас. Иранската блокада на теснецот доведе до стопирање на милиони барели нафта, создавајќи најголем прекин во снабдувањето со енергија во последните години. Дури и ако конфликтот се смири брзо, ММФ веќе планира да ја намали прогнозата за глобален раст и да ја зголеми проекцијата за инфлацијата.

„Светот влегува во период на зголемена неизвесност. Геополитичките тензии, технолошките промени, климатските шокови и демографските трансформации создаваат сложена слика“, рече Георгиева. Без конфликтот, ММФ предвидуваше умерен раст од 3,3% во 2026 година и 3,2% во 2027 година, како дел од постепеното закрепнување по пандемијата. Сега, пак, се очекува ценовниот притисок да се зголеми, а економскиот напредок да се забави.

Дополнително, Георгиева потенцираше дека глобалното снабдување со нафта е намалено за околу 13%, а влијанието се шири и на гасот, хелиумот и ѓубривата, што дополнително ја компромитира стабилноста на меѓународните синџири на снабдување.

Решение за состојбата ќе се разгледува на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка во Вашингтон следната недела, каде финансиските експерти ќе разгледуваат стратегиите за справување со економските последици од конфликтот и со идните глобални шокови.

Related Posts

Бензинот и дизелот во ЕУ најскапи во последните 20 години

19.09.2026

Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

19.09.2026

Косовска компанија го презема „Тинекс“: Комисијата за конкуренција даде одобрение

19.09.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

19.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

18.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Координациска средба со директорите на УЈП и Царина- Внимателно ги следиме движењата на реализација на Буџетот

18.09.2026

Препорачани Вести

Клучните спорови меѓу САД и Иран: нуклеарната програма, санкциите и ракетите го блокираат договорот

5 месеци ago

Омерагиќ: Преку HatTrick програмата на УЕФА се обезбедуваат подобри услови за развој на фудбалот во Македонија

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Рампата за Црна Гора: Пет членки на ЕУ бараат да се забави пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска ги крева борбените авиони по рускиот напад врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензинот и дизелот во ЕУ најскапи во последните 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косовска компанија го презема „Тинекс“: Комисијата за конкуренција даде одобрение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.