недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Проф. Дарко Данев влегува во трката за ректор на УКИМ со фокус на студентите и дигитализацијата

by Redakcija
07.04.2026
in Македонија, Топ Вести

Професорот Дарко Данев од Машинскиот факултет во Скопје влегува во трката за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставувајќи се како кандидат кој целиот свој академски и професионален развој го изградил токму на УКИМ. Со мотото „Од УКИМ-набљудувач до УКИМ-создавач“, Данев ја започнува својата кампања, нагласувајќи дека универзитетот за него не е само институција, туку втор дом во кој ги поминал додипломските, постдипломските и докторските студии, како и целата академска кариера – од асистент до редовен професор.


Данев двапати бил декан на Машинскиот факултет, период во кој, како што посочува, биле воведени стипендии за најдобрите студенти и биле отворени лаборатории каде студентите работеле на реални проекти со компании, со што се доближувале до пазарот на труд. Неговото име студентите го поврзуваат и со масовни промоции и настани кои ја зајакнувале академската заедница и создавале чувство на припадност.


Во своите јавни настапи, Данев се навраќа и на студентските денови, кои ги опишува како период на интензивно учење, но и силни пријателства кои траат до денес. Тој посочува дека тогаш условите биле поинакви, без интернет и лесен пристап до литература, но токму тоа ја зајакнувало посветеноста и тимската работа меѓу студентите.


Професорот има и богато меѓународно искуство. Уште во 1991 година престојувал во САД, а подоцна се усовршувал во Шведска, Германија, Белгија и Јапонија. Дел од својата докторска работа ја реализирал на универзитет во Флорида, каде добил и понуда да остане како доцент, но одлучил да се врати во Македонија со цел да придонесе за развојот на домашното образование и научна мисла.


Пред да започне академска кариера, Данев работел и во приватниот сектор, како и во Сојузот на возачи на Македонија, каде на релативно млада возраст раководел со организација со широка мрежа низ земјата. Неговиот научен интерес е насочен кон конструкцијата на возилата, машинството и современите технологии, вклучително и примената на вештачка интелигенција.


Во својата програма како кандидат за ректор, Данев посебен акцент става на студентите. Предвидува целосна дигитализација на административните процеси, отворање платени работни места за студентите во рамки на универзитетот, воведување универзитетски стипендии врз основа на интерно тестирање, како и поголема поддршка за студентските клубови и активности. Дополнително, предлага воведување на „студентско вето“ за клучни прашања поврзани со студентскиот стандард, како и подобрување на условите во студентските бифеа.


Неговата визија вклучува и поголема транспарентност при распределбата на студентските размени и засилена меѓународна соработка, со цел УКИМ да се позиционира како современ и отворен универзитет.


На крајот, Данев испраќа јасна порака дека студентите се клучот за иднината на државата, нагласувајќи дека улогата на универзитетот е да создаде услови младите да останат и да градат кариера во Македонија, наместо да заминуваат во странство.

…

Related Posts

Младите во Македонија се осамостојуваат дури на 31-та година – меѓу последните во Европа

Младите во Македонија се осамостојуваат дури на 31-та година – меѓу последните во Европа

20.09.2026
АМСМ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ: Опасност од одрони и изменет режим на повеќе патишта низ Македонија

АМСМ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ: Опасност од одрони и изменет режим на повеќе патишта низ Македонија

20.09.2026
Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

20.09.2026

Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

19.09.2026

Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

19.09.2026

Голема промена на МРТ 3: Третиот канал добива нов концепт и нова публика

19.09.2026

Препорачани Вести

Кој автомобил најмалку ќе ве остави на студот: бензинец, дизел или електричен?

8 месеци ago

Уапсени четири лица – запленети пушки, пиштоли и муниција

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти и инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Жените се движечка сила на заедницата, а поддршката и знаењето се клуч за успех

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија кај водопадот Савица: Ги слушнал вресоците на седумгодишниот син, тргнал по него и загинал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Глупаците од ТикТок ми го запалија џипот“: Снимка од запалено возило ја вознемири јавноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Масакр во џамија во Пакистан: Автомобил-бомба и 20-часовна престрелка оставија десетици жртви

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.