среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Најфреквентни Табановце и Богородица: Повеќе од 16.000 македонски граѓани ја напуштиле државата во последните 24 часа

by Redakcija
10.04.2026
in Македонија
Засилени сообраќајни контроли во Србија: Фокус на камиони и автобуси

Во период од само 24 часа, граничните премини Табановце и Богородица забележале исклучително засилен сообраќај, при што државата ја напуштиле вкупно 16.014 македонски државјани. Податоците на МВР, доставени до Press24, се однесуваат на интервалот од 9 април во 12:00 часот до 10 април во 12:00 часот.

Најголемиот товар од заминувањата го понел преминот Табановце, каде се евидентирани 9.150 излегувања на македонски државјани. Во истиот период, преку овој премин во земјата влегле 3.158 граѓани, додека кај странските патници се регистрирани 7.360 влезови и 5.449 излези.

Значителен проток е забележан и на јужната граница. На Богородица, 6.864 македонски државјани ја напуштиле државата, а во обратен правец се вратиле 1.394. Податоците дополнително покажуваат и активен сообраќај на странски државјани, со 4.753 влезови и 5.070 излези.

Засилено движење на патници има и на останатите гранични премини кон југ. На Дојран во истиот 24-часовен период се регистрирани 546 излегувања на македонски државјани, додека на Меџитлија границата ја преминале 832 лица кои излегле од државата.

Овој нагло зголемен интензитет на патувања се совпаѓа со стартот на целосната примена на новиот систем за влез во Европската Унија. Станува збор за дигитален режим кој постепено се воведува на надворешните граници на ЕУ и предвидува електронска евиденција на патниците од земји што не се членки, како и собирање биометриски податоци, вклучително отпечатоци од прсти и фотографија.

Од Министерството за внатрешни работи порачуваат дека се ангажирани сите расположливи капацитети за да се забрза протокот на патници на границите, но истовремено предупредуваат дека новите правила може да предизвикаат подолги задржувања при влез во Европската Унија.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

18.11.2026

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Ноември може да донесе вистинска зима во Македонија: Се најавуваат студ и снег

18.11.2026

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Малите бизниси со поголема фискална поддршка: Предлог-закон за ослободување од данок се зголемува на 4 милиони денари

8 месеци ago

МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

4 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – „Црвена река“ од милиони ракови: Почна необичната преселба на Божиќниот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Замор, трнење и заборавеност: Недостигот на витамин Б12 може да личи на знаци на стареење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачите не внимаваат на зимската замка во која често паѓаат: Светилката на инструмент-таблата нема да ве предупреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прогласена кризна состојба во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја на локации во Петровец, Кисела Вода и Горно Соње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.