среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Во Грција доцнат исплатите на земјоделските субвенции: Строгите ЕУ проверки го кочат системот

by Redakcija
15.04.2026
in Балкан
Во Грција доцнат исплатите на земјоделските субвенции: Строгите ЕУ проверки го кочат системот

Во Грција, дел од земјоделците влегоа во велигденските празници со разочарување, откако државните субвенции не беа исплатени во целосен обем. Иако во средата и четвртокот пред Велики петок биле префрлени околу 202 милиони евра кон 128.063 корисници, тој износ е значително помал од приближно 460 милиони евра кои, според очекувањата, требало веќе да бидат распределени.

Зад доцнењата стои голема административна промена во системот за исплати на земјоделска поддршка. Улогата на поранешната агенција OPEKEPE постепено ја презема AADE, која во новиот модел настапува со многу построг пристап и засилени проверки, особено по неодамнешни злоупотреби и скандали.

Поради тие контроли, дел од исплатите се ставени на чекање, бидејќи податоците на апликантите се проверуваат од почеток. Тоа создава значително забавување во системот, а во исто време ја зголемува нервозата кај земјоделците, кои сметаат дека повторно се казнуваат и чесните заради малцинството што направило злоупотреби.

Дополнителна компликација е тоа што институцијата сè уште е во процес на добивање официјална сертификација од Европската унија за да може целосно да управува со земјоделските плаќања. Во меѓувреме, при деталните проверки биле откриени десетици илјади потенцијално сомнителни барања, што законски бара дополнителна верификација и уште повеќе го забавува процесот.

Во меѓувреме, политичките реакции не изостануваат. Од опозициската ПАСОК посочуваат дека земјоделците ја носат тежината на државните пропусти, критикувајќи дека и последната рата исплатила само дел од проблемот, без да ја стабилизира ситуацијата на терен.

Предходно, непосредно пред да ја напушти функцијата, министерот Костас Циарас потпишал мерка со која се привремено се стопираат казните додека трае проверката на податоците, со цел да се избегне дополнително незадоволство кај производителите.

Во меѓувреме, новиот ресорен министер Маргаритис Схинас, ја започнал својата дипломатска агенда со посета на Брисел, каде што разговарал за забрзување на процесот, придружуван од шефот на даночната администрација Јоргос Пицилис.

И покрај уверувањата од владини извори дека процесот наскоро ќе се нормализира и дека новиот систем ќе добие европско одобрување, земјоделците засега остануваат во неизвесност, со блокирани или делумно исплатени субвенции и без јасен рок кога целосно ќе се стабилизира системот.

Related Posts

Шефицата на албанската тајна служба во притвор: Пронајдени и документи со државна тајна

23.09.2026

Претседателот на „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, на средби со претставници на ФУЕН

21.09.2026

Грција ќе дава до 10.000 евра помош за семејства кои ќе се преселат во пограничните области

21.09.2026

Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

21.09.2026

Македонци од Пиринска Македонија се собраа кај Кремен на панихида за жртвите од 1924 година

21.09.2026

Келин Ѓорѓеску приведен во Романија: Се истражува измама тешка 1,1 милион евра

21.09.2026

Препорачани Вести

Проданоски: Прилеп повторно ќе биде во центарот на европските карневалски случувања!

7 месеци ago

Шукова доби нова позиција во СДСМ

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,44 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова кола за 4.500 евра – Моделот што ја освојува Индија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија вратила пратка од над два тона македонско кисело млеко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малиот Бајрам ја победи тешката битка: „Победничкото ѕвонче“ повторно одекна на Детската клиника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај на „боледувањето за на море“ – Полицијата влегува во проверка на злоупотребите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.