сабота, јули 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Support Kocani обезбеди медицински средства за повредените од пожарот во Кочани во вредност од над 1 милион денари

by Redakcija
15.04.2026
in Македонија
Извор: Screenshot; Support Kocani

Со преостанатите средства од донациите, граѓанската иницијатива „Support Kocani“ реализираше нова хуманитарна набавка во вредност од 1.023.871 денари, наменета за поддршка на лицата погодени од пожарот во Кочани, кои се соочуваат со последиците од изгореници.

Станува збор за специјализирани медицински препарати за нега и заштита на кожата, при што се обезбедени 300 креми „Bioderma SPF 50“, 300 креми „Cicatrix“ и 150 сетови од брендот „La Roche-Posay“. Овие производи се наменети да помогнат во заштитата на кожата, нејзина регенерација и олеснување на процесот на закрепнување кај повредените.

Од иницијативата посочуваат дека набавката не е направена произволно, туку во директна координација со засегнатите лица, со цел точно да се одговори на нивните реални и итни потреби. На тој начин, велат од таму, се обезбедува поддршка која е навремена, практична и прилагодена на состојбата на терен.

Финансиските средства за оваа акција се собрани преку донации од граѓани и компании, а дел од аптеките се вклучиле со дополнителна поддршка во вид на значајни попусти, што овозможило поефикасно искористување на расположливиот фонд.

Дистрибуцијата на препаратите ќе се врши преку младинскиот центар „Гнездо“ во Кочани, од каде што лицата на кои им се потребни ќе можат да ги подигнат.

Од „Support Kocani“ порачуваат дека солидарноста по трагедијата продолжува да живее низ конкретни дела и дека нивната посветеност за помош и грижа за засегнатите ќе трае сè додека има потреба.

Related Posts

Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ – инвестиција вредна над 31 милион денари

24.07.2026

МВР со известување: Штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

24.07.2026

Дожд, грмежи и ветер над 50 км/ч: УХМР предупредува на ново невреме низ Македонија

24.07.2026

Македонија ги осуди нападите на Хутите и изрази солидарност со Саудиска Арабија

24.07.2026

Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

24.07.2026

Полицијата почна со казни за електрични тротинети

23.07.2026

Препорачани Вести

Евровизиска сензација во Виена: Бугарија ја покори Европа и ја грабна победата во драматичен финиш

2 месеци ago

Галеријата „Гури Мади“ домаќин на изложба за македонското наследство во Пустец

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Казна за Македонските лавови од Престон: Клубот ќе игра два натпревари без публика поради навредливи транспаренти на навивачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач побегнал по удар во пешак во Брвеница, 22-годишник тешко повреден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриено колку кафе дневно е безбедно за срцето: Важен е и начинот на подготовка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со овој едноставен трик за неколку секунди проверете дали јајцата се сè уште свежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПЕКОЛ ВО ФРАНЦИЈА: Огромен пожар го празни туристичкиот бисер Кап Ферет, илјадници се евакуираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.