четврток, април 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Велигденска инспекциска рација: Уништени над 40 тони јајца и стотици килограми небезбедна храна

by Simovski
16.04.2026
in Македонија
Велигденска инспекциска рација: Уништени над 40 тони јајца и стотици килограми небезбедна храна

Пред Велигденските празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа масовна акција на терен со 1.221 вонредна контрола насочена кон сите алки во синџирот на исхрана. Резултатот од засилените проверки откри серија сериозни пропусти кај дел од операторите со храна, што доведе до изрекување парични казни во висина од над 19 илјади евра во денарска противвредност.

Во рамки на акцијата, од промет се повлечени и уништени над 272 килограми небезбедни прехранбени производи, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, спречен е и обид за внес и дистрибуција на повеќе од 40 тони небезбедни јајца од соседна Србија, кои биле нештетно уништени на депонијата „Дрисла“.

Инспекциите регистрирале низа неправилности: од храна со истечен рок, преку користење замрзнато месо (т.н. триминг) во готови месни производи, до несоодветно означување на артикли и други пропусти во работењето. Како резултат на утврдените состојби, издадени се 35 решенија за отстранување на неправилностите и изречени се шест опомени.

Покрај тоа, контролите откриле и посериозни прекршувања на законските обврски: седум објекти работеле без регистрација во АХВ, тројца оператори немале спроведено задолжителни здравствени прегледи за вработените и не ги исполнувале основните услови за стручно ракување со храна, додека кај 13 оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите.

…

Related Posts

Кризната состојба продолжена до 20 јули – Ќе има ли мерки од Владата?

16.04.2026
Мицкоски најави образовни реформи: Предност за вработување на најдобрите студенти

Мицкоски најави образовни реформи: Предност за вработување на најдобрите студенти

16.04.2026

Продолжи судењето за „Пулс“: Одбраната бара непосредно сослушување на сведоците за утврдување на целосната вистина

16.04.2026
Николоски на средба со стопанските комори од Битола и Прилеп

Николоски на средба со стопанските комори од Битола и Прилеп

16.04.2026

Демант од МВР

16.04.2026

Министерот Хоџа: LIFE програмата е клуч за зелениот пресврт во Македонија

16.04.2026

Препорачани Вести

Македонецот Никола Андреевски меѓу истакнатите бизнис лидери на средба со кандидатот за Конгрес Мајкл Бушар во Мичиген

Македонецот Никола Андреевски меѓу истакнатите бизнис лидери на средба со кандидатот за Конгрес Мајкл Бушар во Мичиген

2 месеци ago

Македонците во Албанија тужат за центри за мигранти во Пустец

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Diners Club ги менува правилата на играта: Пристигна Diners One, првата кредитна картичка со „нула денари“ членарина засекогаш

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запален автобус на српската граница со Унгарија: Превозникот ги поддржува протестите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СКОПЈЕ: Наставничка физички нападната од мајка на ученик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милион евра во кеш и 1.740 пријави: Разоткриена мрежа за купување гласови низ Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 21-годишник од Неготино тајно снимал воена активност на Криволак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.