вторник, ноември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Министерот Алиу со одлични вести за специјализантите

by Redakcija
16.04.2026
in Македонија

Министерството за здравство најави почеток на реформи во системот на специјализација и субспецијализација на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, кои ќе стартуваат од новата академска година.

Со реформата се предвидува скратување на времетраењето на специјализациите од шест на пет години, со главен фокус на интерната медицина и општата хирургија. Според министерот Азир Алиу, анализите покажале дека во земјава има специјалисти со премногу тесна профилираност, што ја ограничува нивната практична применливост.

Тој појасни дека студентите кои се до трета година на специјализација ќе можат да преминат на новата програма, додека оние над третата година ќе продолжат по постојниот систем. За надминување на недостигот од кадар, се планира формирање тимови и зголемување на мобилноста меѓу специјалистите, сè до создавање нови кадри со полно работно време.

Во рамки на новата програма ќе се воведе засилена практична обука, особено во ургентната медицина и интензивната нега, каде користењето ултразвук ќе стане стандардна вештина за интернистите.

Од медицинските факултети велат дека целта е да се создадат лекари кои ќе можат самостојно да ја извршуваат својата работа. Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ, посочи дека решението за недостигот на кадар е во вработувањето на младите лекари и нивно соодветно ангажирање во установите.

Лекарската комора ја поздравува реформата, оценувајќи дека таа е во согласност со европските практики и ќе придонесе за побрзо пополнување на празнините во здравствениот систем. Претседателката Калина Гривчева-Старделова истакна дека задржувањето на лекарите зависи од можностите за работа и квалитетно образование, додавајќи дека во повеќе европски земји коморите имаат клучна улога во организирањето на специјализациите.

Според податоците на Министерството, околу 70 проценти од пациентите се лекуваат во клиничките центри, што создава дополнителен притисок врз Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, каде се упатуваат пациенти од целата држава поради недостиг на специјалисти.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: „Гересхајмер“ со нова инвестиција, нови капацитети и над 1.000 нови работни места

03.11.2026
Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

Приходите растат, добивките се разидуваат: што покажуваат деветмесечните биланси на големите компании

03.11.2026

Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила

03.11.2026

Итно слетување во Скопје – Му се слошило на копилотот

03.11.2026

Мицкоски: Го прошируваме партнерството со Германија во економијата, образованието и здравството

03.11.2026

Следува заладување: За викендот температурите ќе паднат под нулата

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицотакис предупредува: Европа не смее да дозволи нова миграциска криза

Мицотакис предупредува: Европа не смее да дозволи нова миграциска криза

8 месеци ago

Црна ноќ на Скадарското Езеро: Превртен чамец однесе живот, едно лице исчезнато

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Голема акција на полицијата: Разбиена мрежа за инвестициски измами

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Ја чуваме историјата на Битола за генерациите што доаѓаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бришачите оставаат траги на стаклото? Пред да купите нови, проверете една работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Десет години се обидувала да ги намали сметките за струја, а потоа открила дека плаќа за соседот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од три скопски општини: Прекини до шест часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.