петок, април 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Службени лица од МВР и Шумска полиција оддавале службени тајни и ги предупредувале криминалците

by Redakcija
17.04.2026
in Црна Хроника

Кривични пријави за вработени во МВР и Шумска полиција за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“

На 17.04.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, „оддавање на службена тајна“ по чл.360 и „пустошење на шуми“ по чл. 226 ст.3 во врска со чл.24 од КЗ.

М.А. (вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за шумска полиција) и В.П. (вработен во МВР, РЦГР Исток) во својство на овластени службени лица ја злоупотребиле својата службена положба и овластување така што во текот на 2025 година постапувале спротивно на законските прописи опфатени во Законот за полиција и Законот за шуми и не превенирале при извршување на кривични дела меѓу кои и „пустошење на шуми“. М.А. и В.П. не ја извршувале својата службена должност и не постапувале по издадените наредби за вршење на дејност, при што на лица во својство на организатори на кривични дела им оддавале информации поврзани со движење на контролните патроли од МВР и Шумска полиција во пределот на Берово и Струмица.

Исто така, не постапувале по однос на нелегалната сеча, иако претходно имале информации и биле запознаени со нелегалните активности и согласно своите овластувања и опис и попис на работни задачи биле должни да постапат, при што овозможиле други лица да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери.

…

Related Posts

Измама со продажба на возила во Тетово

17.04.2026

Стентон Градба работи на реконструкција на училишни спортски игралишта во Битола

17.04.2026

Кривична за полицаец – МВР со детали

17.04.2026

Кривична пријава за в.д. директорка – МВР со детали

17.04.2026

Огромна афера во Сарај: милионски суми под лупа на обвинителството

17.04.2026

Скандал во битолската болница: незаконски исплати од речиси 500.000 денари

17.04.2026

Препорачани Вести

Турција по трет пат собори иранска балистичка ракета

Турција по трет пат собори иранска балистичка ракета

1 месец ago

Пет комисии ќе заседаваат во Собранието, за актуелните законски измени

1 месец ago

Популарни Вести

  • Измама со продажба на возила во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грчки полицајци: Срамно е она што се случува на граничните премини поради ЕЕС системот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остар пад на цената на суровата нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Ја зајакнуваме меѓународната соработка и развојот на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: „Весел Петок“ ја продолжува фолклорната традиција во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.