сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ПлусИнфо: Рочиште без сведоци –  Процесот за „Пулс“ влегува во сериозна криза и ја губи насоката

by admin
19.04.2026
in Македонија

Последното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одржано на 16 април, отвори сериозни дилеми за текот и концептот на целиот судски процес, откако наместо најавените сведочења, судницата во Идризово остана без ниту еден сведок. Наместо нови факти и докази, јавноста повторно сведочеше на одложувања, процесни расправи, читање на претходно дадени искази и дополнителни правни дилеми кои го замаглуваат правецот на постапката.


Според текот на рочиштето, Обвинителството не успеало да обезбеди присуство на сопствените сведоци. Дел од нив не биле достапни, како Александра Пепеларовска и Теа Ѓорѓиевска, со кои не можело да се воспостави контакт, додека за Дарио Трифунов било посочено дека се наоѓа во Бугарија на студии, на непозната адреса, по што судот наложил проверка за неговата достапност. Со тоа, ниту еден од сведоците кои требало да ја поддржат доказната постапка не се појавил во судницата.


Дополнителна тензија предизвикало и барањето на Обвинителството да се повлечат или да се користат по исклучок претходно дадени искази на сведоци, поради нивната тешка психофизичка состојба. Во таа насока, беше побарано и психијатриско вештачење за сведоците Ана Томева и Лина Крстова, со цел да се утврди дали тие се способни повторно да сведочат пред судот. Судот го прифати овој предлог и најави дека ќе одлучува и за евентуална примена на законска одредба со која наместо директно сведочење би се користеле претходно дадени искази.


Одбраната остро реагираше на ваквиот пристап, посочувајќи дека со тоа се доведува во прашање веродостојноста на доказите и правото на директно испрашување на сведоците, што е клучен елемент во секоја сериозна кривична постапка. Тие предупредуваат дека доколку се оди во насока на читање медицинска документација и претходни искази наместо живо сведочење, доказната сила на постапката значително ќе се намали.


Во текот на рочиштето биле читани извештаи за здравствената состојба на сведоците, а дополнително внимание привлекло и доцнењето од околу два часа на спроводот за еден од 35-те обвинети, што дополнително ја засилило сликата за процес кој станува сè потежок за управување. Сето ова создава впечаток на постапка во која секое ново прашање отвора нови дилеми, а наместо јасна линија кон пресуда, се добива сложен и проширен лавиринт од процесни пречки.


Во јавноста особено одекна и реакцијата на семејствата на загинатите, кои изразиле незадоволство од начинот на кој се води постапката, посочувајќи дека со ваквиот пристап дополнително се оптоваруваат и трауматизираат сведоците, без притоа да се доближува правдата. Според нив, ваквиот тек на процесот не води кон брз и јасен епилог, што е најпотребно за семејствата на 63-те жртви.


Дополнителни дилеми отвора и самата структура на обвинението, кое според дел од анализите е поставено премногу широко, што резултира со тоа секој доказ да станува предмет на спор, а секое отсуство на сведок да значи ново одложување. Наместо фокусирана постапка со јасно дефинирана одговорност, случајот сè повеќе се движи во насока на комплексен процес во кој се отвораат прашања за организацијата на настанот, сцената, пиротехниката, одговорноста на сопствениците и контролата на ризикот во ноќта на трагедијата.


Во таа насока, како пример беше посочен и исказот на сведокот Денис Даутовски, кој не бил присутен во судницата, па бил прочитан негов претходен исказ. Во него се наведува дека организацијата на сцената била одговорност на сопствениците на локалите, како и дека пиротехниката за „Пулс“ била набавена од лице по име Панчо, при што останува нејасно дали нејзината употреба била пријавена кај надлежен орган.


Сите овие околности го наметнуваат прашањето дали процесот може да ја издржи тежината на сопствената конструкција, особено ако сè почесто наместо сведоци се користат вештачења и претходни изјави. Наместо напредок, впечатокот е дека постапката се врти околу самата себе, а секое рочиште отвора повеќе прашања отколку одговори.


Заклучокот кој произлегува од последното рочиште е дека проблемот на случајот „Пулс“ сè помалку изгледа како прашање на поединечни процесни пропусти, а сè повеќе како проблем на концепт. Во вакви услови, постои реална опасност судењето да се претвори во долг и неизвесен процес, додека семејствата на жртвите и јавноста и натаму чекаат јасна, концентрирана и ефикасна правда.

Извор: ПлусИнфо

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

30.10.2026

Повеќе пари за студентски оброк, попусти и дигитално плаќање: Што се менува со владиниот предлог

29.10.2026

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

29.10.2026

БОЖИНОВСКА: ИНОВАЦИИТЕ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПОСИГУРЕН ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ И ПОКОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

30 години „НОКАУТ“ во сабота во Арена „Јане Сандански“

6 месеци ago

Нова ескалација на реториката: Куба реагира со зголемена воена готовност

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против двајца полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнат и ограбен 62-годишник во Тетово: Повреден со остар предмет додека задржувал еден од напаѓачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучот останал на бравата: Тројца малолетници осомничени за кражба на автомобил од автоплац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.