недела, август 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Патувањето станува поскапо: Новите електронски системи допрва ќе создаваат гужви на границите

by Redakcija
20.04.2026
in Економија
Патувањето станува поскапо: Новите електронски системи допрва ќе создаваат гужви на границите

Гужвите на европските аеродроми и гранични премини не попуштаат откако на 10 април започна целосната примена на новиот систем за влез и излез (EES), а според стручњаците, вистинскиот притисок допрва претстои со стартот на летните патувања.

Новата регулатива, која се однесува на построга контрола на државјаните од таканаречените трети земји, меѓу кои се и државите од регионот, веќе предизвикува подолги чекања и застои на клучните гранични точки низ Европа.

Ситуацијата, сепак, би можела дополнително да се искомплицира кон крајот на 2026 година, кога се очекува да биде воведен и системот ETIAS: електронска авторизација за патување во Шенген зоната. Иако не се третира како класична виза, овој механизам ќе претставува дополнителен безбедносен филтер за влез во европските држави.

ETIAS ќе важи за граѓани на околу 60 земји и ќе биде задолжителен услов за влез во 30 европски држави, меѓу кои членките на Европската унија, но и Норвешка, Швајцарија и Исланд. Апликацијата ќе се поднесува онлајн, со цена од околу 20 евра, а одобрението ќе важи до три години или до истекот на пасошот.

Иако постапката најчесто ќе трае неколку минути, во одредени случаи одобрувањето може да се пролонгира и до 14 дена, па дури и подолго. Дополнително, добиената дозвола нема да гарантира автоматски влез, бидејќи конечната одлука останува кај граничните службеници.

Според најавите, патниците со одобрена ETIAS дозвола ќе можат да престојуваат до 90 дена во рамки на период од 180 дена, но и понатаму ќе бидат предмет на дополнителни проверки при влез.

Експертите предупредуваат дека паралелното функционирање на EES и ETIAS, без единствена и целосно интегрирана платформа, може да создаде дополнителни тесни грла на границите, особено во периоди на зголемен туристички сообраќај како празниците и летната сезона.

Од туристичките кругови веќе апелираат патниците да се информираат навреме и да аплицираат веднаш штом системот стане оперативен, за да избегнат непотребни доцнења и компликации при патување.

…

Related Posts

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

16.08.2026
Европа очајно бара работници: Милиони слободни места, најмногу недостигаат техничари, возачи и оператори

Европа очајно бара работници: Милиони слободни места, најмногу недостигаат техничари, возачи и оператори

16.08.2026

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 сè уште е во изградба и не е предаден на инвеститорот

15.08.2026

Димитриеска-Кочоска: 239 милиони евра веќе се пласирани во македонската економија

15.08.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 219,21 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

15.08.2026

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 зголемен за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

14.08.2026

Препорачани Вести

Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево–Охрид, сообраќајот се одвива отежнато

2 недели ago
Исланд на чекор до ЕУ: Парламентот во Рејкјавик најавува референдум

Исланд на чекор до ЕУ: Парламентот во Рејкјавик најавува референдум

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ТАБОРОТ НА ГРУБИ УДРИ ПО „ПОЛИТБИРОТО“ НА ДУИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Македонска фудбалска гордост во Австралија: Престон Лајонс освои куп и влезе меѓу најдобрите осум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дарио Ивановски меѓу европската елита: 46-то место на маратонот во Бирмингем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грчките власти разбија меѓународна шверцерска шема: Организатор од Македонија криел 324 килограми марихуана во бали хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.