понеделник, април 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Бучим со поддршка за едукативната иницијатива „ Ecologically Speaking“ за зајакнување на еколошката свест кај младите

by Redakcija
20.04.2026
in Економија

Во рамки на стратешката заложба за поддршка на образованието и локалната заедница, рудникот за бакар Бучим ја поддржа реализацијата на младинскиот едукативен формат „Late Night ECO / Ecologically Speaking“. Овој проект е посветен на продлабочување на знаењата за екологијата, одржливоста и заштитата на животната средина меѓу младата популација.

Проектот се фокусира на едукација на ученици и студенти преку дигитални платформи и има за цел да отвори простор каде ученици, средношколци и студенти можат да поставуваат прашања, да разговараат со стручни лица и да продлабочуваат теми кои честопати остануваат недоволно застапени во формалното образование.

Во рамки на проектот се обработуваат прашања поврзани со климатските промени, управувањето со отпад, одржливото користење на природните ресурси, квалитетот на воздухот и водата, енергетската транзиција и секојдневните навики кои придонесуваат за поодговорно однесување кон околината. Фокусот е ставен на едноставно, разбирливо и младински блиско објаснување на комплексните еколошки теми, преку разговори, интервјуа, кратки видеа и едукативни формати.

„За Бучим, поддршката на вакви независни и едукативни проекти не е само прашање на спонзорство, туку стратешка инвестиција во млади, информирани и општествено активни генерации,“ истакна Кристина Крстева, директор за одржлив развој на рудникот Бучим. „Веруваме дека колку повеќе младите разбираат што значи одржливост, толку повеќе ќе можат критички да размислуваат, да поставуваат прашања и да придонесуваат кон подобри општествени и еколошки практики.“

Поддршката на „Late Night ECO / Ecologically Speaking“ е дел од поширокиот ESG пристап на Бучим, во рамки на кој компанијата спроведува и поддржува програми насочени кон:

образование и развој на кадри,

подигнување на свеста за животната средина,

зајакнување на локалната заедница преку вклучување на младите,

поттикнување на отворен и аргументиран дијалог за еколошките предизвици.

Со ова партнерство, Бучим уште еднаш ја потврдува својата посветеност да биде одговорен и вклучен чинител – не само како индустриски субјект, туку и како поддржувач на иницијативи што ја поттикнуваат еколошката свест, критичкото мислење и активната улога на младите во општеството.

…

Related Posts

Шокантно предупредување од Грција – Се ближи ли најголемата енергетска криза во историјата?

20.04.2026

УЈП со итен апел: Истече рокот за даночни биланси за 2025 година

20.04.2026
35% од платата оди само за кирија: Европа влегува во најскапата станбена ера досега

35% од платата оди само за кирија: Европа влегува во најскапата станбена ера досега

20.04.2026
Народната банка и Светската банка ја забрзуваат интеграцијата во европските платни системи

Народната банка и Светската банка ја забрзуваат интеграцијата во европските платни системи

20.04.2026
Патувањето станува поскапо: Новите електронски системи допрва ќе создаваат гужви на границите

Патувањето станува поскапо: Новите електронски системи допрва ќе создаваат гужви на границите

20.04.2026
Светот се соочува со енергетска криза поинтензивна од таа во 1970-тите, предупредува претседателот на Меѓународната трговска комора

Драстична промена на цената на нафтата утрово

20.04.2026

Препорачани Вести

Американските нафтени компании добиваат нови можности по апсењето на Мадуро

3 месеци ago
kamioni

Македонските и регионалните превозници најавуваат блокада на граничните премини со земјите од ЕУ

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Шокантно предупредување од Грција – Се ближи ли најголемата енергетска криза во историјата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Калинка“ – симбол на среќа и добивки до 700.000 денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кичево добива нов модерен спортско-рекреативен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадиноски: Изградени два нови детски паркови во Раотинце и Туденце – вложуваме во подобар квалитет на живот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе го наследи Гутереш? Четири кандидати се борат за највисоката функција во ОН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.