недела, јуни 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Скандал на Филозофски: Нелегални уписи, студенти исфрлени од магистерски и докторски!

by Redakcija
22.04.2026
in Македонија

Десетина студенти биле незаконски запишани на магистерски и докторски студии на Филозофски факултет, иако не ги исполнувале законските услови за продолжување на образованието. Случајот го открил Државен просветен инспекторат, кој донел решенија за поништување на уписите.

Министерката за образование Весна Јаневска потврди дека се утврдени нерегуларности и дека се чека конечниот извештај од факултетот за да се донесе финална одлука.

– Констатирани се неправилности при упис на постдипломски студии, односно втор и трет циклус. Инспекторатот постапи и донесе заклучоци, а факултетот треба да ги спроведе – изјави Јаневска.

Деканот Оливер Бакрески информира дека станува збор за 7 до 8 студенти кои претходно имале завршено тригодишни студии и едногодишни магистерски програми. Тој нагласи дека контролата била побарана од самата институција и дека веќе се постапува по решението.

– Моравме да ги испишеме студентите, но средствата ќе им бидат вратени. Дел од нив веќе ги добија уплатените пари – рече Бакрески.

Поништувањето на уписите ги стави студентите во тежок правен и финансиски ќорсокак, со оглед дека трошоците за магистерски студии достигнуваат до 3.000 евра, а за докторски и до 6.000 евра. Дел од засегнатите веќе ангажирале адвокати и најавуваат судски постапки.

Случајот отвори сомнежи дека вакви нерегуларности можеби постојат и на други факултети, додека институциите најавуваат дека ќе се инсистира на строго почитување на законските критериуми во високото образование.

Related Posts

Андоновски: Рекорден раст на дигиталните услуги и значително зголемување на користењето на порталот uslugi.gov.mk

27.06.2026

УЈП бара нови вработени: Отворени девет позиции, платите од 27.000 до 39.000 денари

27.06.2026

Забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра

26.06.2026

Николоски: Потребна е силна соработка со Албанија за заштита на Охридскиот Регион

26.06.2026

Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина

26.06.2026

Претседателот на „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

26.06.2026

Препорачани Вести

Тошковски најави итна надградба на „Безбеден град“ по трагедијата на скопската обиколница

1 месец ago

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО САРАЕВО: Едно лице загина, 17 годишно девојче остана без нозе

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Дневен хороскоп за 28 јуни: Еден знак добива долгоочекувана вест, друг ќе донесе одлука што менува сè

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски: Рекорден раст на дигиталните услуги и значително зголемување на користењето на порталот uslugi.gov.mk

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јазикот не е пречка кога нема политика – општина во Грција објави соопштение и на македонски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанка дивеела во тетовската болница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Хеликоптер за гаснење пожари се урна во Грција при полнење вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.